треба (гл.) - маж (имн.)

Јас молчев. Потем реков: „Се знае што треба маж да има за да има мир во куќата.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Жената моја ја предадов, не ја чував како што треба маж да ја чува, туку се стрчав да се тепам со Турчинот, јас гордиот, а неа со моите три сина, моите бели гулаби, ја оставив во племњата, без заштита и без маж.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нејзе ѝ требаше маж. И тоа ситуиран. Кој има свој дом.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)