А за тоа треба време.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Признавам, ме измести од лежиште овој напад, ми требаше време да се приберам и пак да се свртам кон моите интересирања.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ми треба време за размисла, време за чудење.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Треба време, велат сите! Време требало да мине за да ги зарасне раните.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Земјата, за која му требаше време да сфати како да се вслуша во неа, сега омекната до кал го слушаше него; му беше доста да ја допре онаа неуловлива нишка меѓу вивките на мозокот или вршките на нервот и потегот на зглобот или јаготките на прстите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„А вие што мислите – што е лудилото? Нешто монструозно?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Клара не е луда,“ му реков. „На Клара само ѝ треба време да си дојде на себе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но, сепак треба да се знае дека сечија животна нишка е долга толку, колку што треба времето да ги избрише раните, а притоа и самата човечка душа да се спротивстави на силата на судбината.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
- Сега само ќе ѝ треба време за да се одмори - овие зборови како низ бунило ги слушаше и Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Му требаше време за да ја зацели оваа рана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога требаше да се потпише на лентата за плата, долга како денешниве гласачки ливчиња,ѝ требаше време да го навезе името со „најтешката“ буква.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Љубам да го дочекам сонцето кое доцни по светлината зашто му треба време да ги искачи зградите околу мене, смешно надградени како вила „Слога“, во различни бои, тесни а долги.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Им треба време и напор да сфатат што се случува и што ги чека.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ми требаше време да ги сфатам нејзините нереални зборови.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ми треба време да ги запишам истите, за да не испарат безначајно и неповратно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Точно е дека треба време за да видиш која форма најмногу одговара на твоите барања.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се разбира, треба време зовриеното да се излади, за тогаш да можат да го вкусат овдешните нејаки мисли, за потоа да дојде до целосно општествено провривање.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тешко се стигнува до свеста за правната држава. Тешко се прифаќа минливоста на авторитарната, деспотската власт. Треба време.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Промената кај него беше толку длабока и суштинска, што и нему му требаше време за да се запознае, а бидејќи такво време немаше, се однесуваше како измрзнат туѓинец што тропа на усамена куќа за да се стопли.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Карл е малечко момче. Му треба време да се навикне, дека таму, некаде далеку, во некоја далечна земја, има уште една мајка, за која првпат станува свесен...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
За тоа им требаше време, во кое пешаците се одморија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
За да се качи на друг требаше време, за кое одбраната добиваше готова полна пушка, и така не даваше да се префрли никој преку високиот и дебел ѕид.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
За покуќнина, ајде, како му годе, ама куќа и сермија да се собере, за тоа треба време и печалба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ми требаше време да го најдам патот до неа.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кога повторно се собравме
наместо да тргнеме
откривме дефект во колата
требаше време за да се отстрани
сестра ми рече гладни сте вечерајте
не се оди на пат гладен
не доаѓа предвид реков
очај ме обзема од постојано јадење
кога треба да патуваме преживаме
кога треба да патуваме.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тебе ти треба време да размислиш за тоа, а и мене, за да се подготвам за таа глетка.”
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ќе треба време за да се извишат!“ „Знам, дедо, знам! Ќе треба време!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
На Филип му требаше време да ми ја отвори душата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
За вистинската обострана искрена блискост сигурно треба време.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Беше толку збунет што тоа му овозможи да си рече дека треба сè добро да се промисли, дека му треба време колку-толку да се смири за да може да размисли.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Сигурно е - пишува Готје - дека ќе треба време јавноста да се соземе од тревогата од 6 мај, бидејќи, покрај атентатите со бомби и динамит на Комитетот (веројатно мисли на солунските настани - б.м.), неочекувано се утврди пробивното присуство на молњата на еден див фанатизам, што досега беше скриен во сенка“145.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Истиот начин на разговор го применувавме со моите кога се јавуваа од Индија, а така мора зашто разговорот оди преку сателит, оддалеченоста е голема и му треба време на гласот за да го мине сиот тој пат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ете така и мајка ми „не беше тука“. Мислев дека ќе можам да ја натерам да ми раскажува за Индија, но таа отсечно одби: - Знаеш и самата – рече – кога се враќам од кој било пат, првите денови не можам ништо да раскажувам, уште впечатоците не ми се средени, и ми треба време да се снајдам дома.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А, кога се свестив...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Слично како со грмотевиците – ми објасни татко ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ти треба време да се свестиш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ми требаше време да свикнам на неговиот начин на размислување и однесување.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)