треба (гл.) - вода (имн.)

Ниту нему му треба вода како вода, велат, ниту црква како црква, ни светица како светица, туку нему му треба, велат некни во дуќанон на Чанета, ние да клекнеме, да му бациме рака, да му оддадеме почест, а тој да стане пратеник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога ќе ги посадам јагодите, ќе треба вода што ќе морам да ја влечам дури од едно кладенче близу до реката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А треба водата, затоа и се борев и се изборив, за да ја навлажниш испуканата уста и потта да ја измиеш од лицето и од снагата и да ја симнеш наслагата од меѓу прстите на нозете.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега ќе дојдат аргатките, треба вода за пиење.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
За ова да не биде забележано, ја спушти повторно во полната чинија. ѝ требаше вода, грутка ѝ застана во грлото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)