треба (гл.) - таа (зам.)

Пак студи во Москва и пак ми треба твојта прегратка. Многу ми треба таа прегратка со вкус на цимет.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неколку евразиски затвореници, обвинети за воени злосторства, требаше таа вечер да бидат обесени во Паркот, се сети Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќерка ми уште не е за мажење. Ми треба таа и мене, да испере, да искрпи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Што им треба таа работа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, сега уште и тоа, состанок! Што му требаше таа беља? – се јадосував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На прсти можам да ги избројам книгите што досега ми се допаднале од почеток до крај.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За попладнето имав договорено да играме „народна” со другарките на “Плавата уличка” и очај ме фати кога помислив дека тие ќе играат, а јас ќе треба да седам на тие наши глупи состаноци.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само треба таа да му каже кога, точно на кој датум...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Што има и тој да се потсетува. Да се нервира. Требало таа навреме да мисли.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Оди, човеку! Каков коњ ми споменуваш? Ќерка ми уште не е за мажење. Ми треба таа и мене, да испере, да искрпи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А зошто ви треба таа фабрика?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)