Татко се залагаше за типологија на турцизмите според области, појави, додека Камилски остануваше на тоа да ја утврдат однапред листата од сто збора и да работат, без оглед на секојдневните изненадувања што ги носеше секој збор и ги водеше кон други зборови и нови области.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Спротивните аргументации не даваат можност да се најде која е најправата и затоа Македонецот решава дека сите се лажни и дека има само една непобитна вистина: Македонците Словени се Македонци и Словени, следствено, треба секој Македонец да ги чува интересите на својата татковина и на својот народ, а не интересите на пропагандите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Би требало секој да биде во состојба да се загледа наназад во минатото и да биде сигурен дека имал мајка што го сакала, целиот, без услови, дури и кога ќе се покакал или помочкал.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Или, пак, колку бензин и други нафтени деривати треба секој ден да се испратат во Париз за да можат да се „нахранат“ резервоарите на неколкуте милиони автомобили.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сеќаваше, нишанејќи, како е исполнет до врвот со една таква наостреност, исто како самиот тој да беше она зрно во неговата цевка, што требаше секој миг да полета натаму.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дури и сите тие подвидови на машката геј-култура означуваат многукратни култури, а човек ќе треба секоја конкретна машка геј-култура да ја разграничи од другите, кои си создаваат сопствени, карактеристични одлики, кои со тоа ги определуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Требаше секој од нив да предложи нова стратегија во третирањето на турцизмите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)