треба (гл.) - никој (зам.)

Тоа попладне Гоце и Даме седеа на балконот од Дамевиот стан во Штип и разговараа: - Се сеќаваш ли, Гоце за случајот во солунската гимназија? - праша Даме. - Кој случај?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- За сè што работиме не треба никој да знае.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Братска слобода, таква слобода и држава, каде што луѓето ќе живеат братски, држава без кралеви, султани, паши, аги и бегови.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Така и треба да работите. Не треба никој да се учи да шпионира...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Божем откриваше тајни што не треба никој да ги знае, говореше тивко со крајно поверлив призвук во гласот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Треба никој да не сети дека сум му мајка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чана како да беше откриена во нешто што не треба никој да го знае, ѝ се рашета крвта по лицето, очите ѝ затрепкаа, а од устата иако се отвораше и затвораше, не излезе глас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А што се однесува до насмевката по лицето што ми шета, на неа не треба никој да смета.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Кога ќе ве сурдисаат злите размисли не треба никој да ве потсетува оти војските на прогонот веќе се збираат околу тврдината на вашето спокојство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)