треба (гл.) - нешто (зам.)

Ќе требе нешчо да се работи. — Лесно е за работа, ами ајде, повелете дома. Анџак софрата е ставена.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од друга страна на интелектуално апологетски нивоа, нашата, македонска историја на уметност (особено на новиот век - од ренесанса до денес) е толку сиромашна,особено во оние неколку векови во кои е профилирана европската цивилизација (периодите на ренесанса, барок, класицизам и реализам) што помислив - би требало нешто од тие празнини и да се пополни.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Николај, седнувајќи, се насмевна некако мртво, напразно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Се изморив од зборови - изговори Михаил. -Зарем тоа е веселба? Ни треба нешто наше, лешинско.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Треба нешто да сторите со себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дали му треба нешто? Да знам што да раздавам за душа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жив човек си,треба нешто да преткаш. А работа не носиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- За да пиеш велат, треба нешто да те натера, вол не се врзува во празна плевна, велат, и вино не се врзува на празно шкембе, викаат...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш, Николе Солески, ми рече: „Ко ќе ти треба нешто, само кажи“ и јас ко дојде за женење, му кажав: - Ми треба коњ, стрико Николе, му реков.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)