Костумот го тргнал настрана.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И јаз'к да му е сега нему што не ја отпетла манлихерката да не отранче сите како зајаци — прв почна да му одобрува на Толета Пере, којшто последен го напушти сражението во гробиштата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Војводите останаа замајани од истапот на Толета, се тргнаа настрана под сенката на големата јасика и почна и тие да се препи раат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Си реков дека тој сепак е добар човек, ако ги тргнам настрана глупостите што ги правеше поради некаква си опсесија да биде доминантен или манипулативен.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Им ја покажа вратата каде што требаше да влезат и се тргна настрана да им направи пат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сега ја собрав таа храброст и со немир го кренав капакот, го тргнав настрана, и се наведнав над длабокото. Долу светкаше вода. Господе!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Потоа стана, тргна настрана, најде еден голем камен и, го бувна долу.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Продавачот во трафика одвреме-навреме ќе тргне настрана неколку броја на Теа-Модерна со поклон ЦД.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Некои не можат да тргнат настрана за да се вратат.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Кучето со благодарност ја зеде храната и се тргна настрана.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По тоа се тргна настрана, насладувајќи се однапред на она што требаше да се случи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Убавината побудува буквален, простодушен, патетично искрен копнеж, онаков копнеж што нема никаква дистанција од себе и никаква способност да се тргне настрана и да се погледне себеси критички од едно отуѓено стојалиште.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Машката геј-култура ја сфаќа многу сериозно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сам отиде кај Сефедина и му нареди да ја исправи Анѓа на ѕидот и да се тргне настрана до Ајша, па отиде во еден од ќошевите и ја симна тамбурата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се разнесе смеа, а полицаецот ја фати под мишка, ја тргна настрана велејќи и на грчки: - Бабо оди си дома и остави ги луѓето да си зборуваат како што сакаат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Само јас се тргнав настрана и бегав од неговите погледи: ми беше тешко, срам и необично да се сретнам со него.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Бузо фркна со носето и се тргна настрана расипувајќи го редот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Веројатно беше тргнат настрана.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Треба да му се однесе ламба во собата, и тоа онаа убавата, порцеланската со насликан афион и со топка од матирано стакло, намерно тргната настрана за него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Девесницата ја искриви устата, го ничкоса погледот, небаре ја гледа потстанарот, па продолжи: – Земете ја ламбава.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)