тргне (гл.) - накај (предл.)

Авионот од Истанбул тукушто пристигна. Патниците, само неколку на број, тргнаа накај чекалната.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Најпосле се пробив и тргнав накај дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Сега веднаш, веднаш ќе ги доведам, чорбаџи Панде, - се протегна тој, ги зеде парите и мигум, нишајќи со својот голем стомак, тргна накај големата анска порта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Шантрајќи се тргна накај визбата и се чудеше што се случило точно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Така гушнати тргнаа накај дома.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
И навистина, гепекот ми беше полн со слатки бонбончиња кога си тргнав накај Скопје, ама од сѐ најдобри беа двете тегли со мешавина за енергетско подигање на телото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тогаш таа плеснала со рацете за да ја викне жената на најмладиот брат: ’Јатрвичке наша најмлада, ѝ рекла, невесто мила на млад ни девер, ајде место нас однеси им јадење на мажите, чунки патот е долг а нам нозете ни се папсани, та ние веќе не сме млади и лесни како тебе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утредента тројцата браќа ги префрлиле преку рамо токмаците и казмите и тргнале накај кулата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја среди косата, се изми со нежен сапун од лаванда, малку си стави крема на убавата бела, прозрачна кожа на лицето, си облече еден долг светло лилав фустан и врз него дебел, голем и долг црн шал, лилави едноставни чевлички на мала потпетица и појде долу, кај Христина и останатите, зема пари и тргна накај бакалот кој беше на стотина метри подолу.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На воденицата имало многу луѓе па морал долго да чека, така што доцна тргнал накај дома.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Старците застанаа простум. Со распреперени коленици тргнаа накај четата царски војници.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ја погребав мајка... им помогнав на малкумина преживеани... па си тргнав накај Беласица... ти кажував - ама ти од уплав ништо не си разбрала... затоа пак ти кажувам - за да не се плашиш од мене.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Смирено го слушаа дедо Петре. И молчешкум тргнаа накај селото. Темна темница и пред нив и зад нив...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Небројница пати Трајница беше тргнала накај коријата, накај пелистерските сртови.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Една приквечерина Преспа си ги налеала стомните, ги затнала седумте кладенци и си тргнала накај домата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Редот треба да се знае, разбираш?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа стана и тргна накај стрништето на кое одвреме-навреме летаат јата птици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица го одврза торбичето и го подаде преп лицето на Кузе велејќи: - Ете, троа пченичка собрав...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дежурниот ме викна. Се свртев и тргнав накај вратата. Излегов.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со строев чекор тргнаа накај џадето и, кога загазија по калдрмата, се слушна громко и младешко: Во борба, во борба, во борба, Македонски народе!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не ѝ е криво што во тоа стрниште не најде ни шесторедица ни црвенка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се свртев и тргнав накај бараката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- се одгласи Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само си ја преапав устата и си реков, молчи Василке, за жал не можеш да помогнеш кога сѐ ќе тргне накај злото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најпосле се прибрав и тргнав накај дома.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Едно сабајле, околу единаесет, си тргнав накај истиот тој здебелен другар Мартин, онака, да се видиме.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Како што тргнав накај продавницата, слушнав некакво тропање што доаѓаше од кај лулашките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакаше малку да си играат ама не знаеше дали Ане е лута или не.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Водата гргна во шолјата, а јас тргнав накај огледалото за да си ги измијам рацете и лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Меѓу последните и баба ѝ и дедо ѝ на Дора тргнаа накај мајката, нешто ѝ шепнаа, па и тие полека си заминаа, но Дора остана надвор и си седна до Ане на тротоарот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја подигнав чинијата за да ѝ дозволам на свекрвата да ја нахрани мачката, но мачката стана и тргна накај другиот дел од долапчето, близу до мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вујко ми имаше шеќерна болест...
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Едвај се качи на лулашката и Бистра почна да ја турка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А и месо не мораш да јадеш ако не сакаш, кој те тераше? - и ми го сврти левиот образ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си помислив: некој пак ги крши лулашките - и истрчав натаму за да видам кој е.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Никогаш не го сакав многу Миле, па му завртев грб и тргнав накај Мони и Бистра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нина не седна. Тргна накај двете девојчиња со кои претпладне скокаше ластик.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Насобраниот народ фати да се растура - дома или по некоја работа, а најмногу тргнаа накај продавницата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И токму кога тргнав накај својата соба, слушнав дека татко ми ѝ рече на мајка ми: - Имаш ли намера да почнеш уште вечерва да пишуваш, или ќе дојдеш да го гледаме филмот на телевизија?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Слегов долу, - продолжив јас, - и тргнав накај нишалките.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)