Таа демистификација трае веќе неколку години, позитивно соголувајќи ги черупките на десетици “институции” и стотици поединци кои со десетлетија добиваат не безначајни бенефиции.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Говорот траеше веќе дваесетина минути, кога еден курир брзо се искачи на бината и му подаде парче хартија на говорникот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Уште рано во пролетта (обично во почетокот на март) се поставува мадрагата (од провансалскиот збор madrago), систем од мрежи на неколку ката во вид на стапица, која како далјаните при ловот на јагулите, ги води рибите во безизлезниот лавиринт, во комората на смртта каде што потем се одвива крвожедната матанѕа... невидениот масакр на јатото туни...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ние, највисоките дипломатски претставници од стотина земји се упатуваме кон местото на големиот медитерански масакр матанѕа кој трае веќе илјада години.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Неговото заземање за доброто, посебно на неговото родно место и на луѓето што живеат таму, трае веќе цели две децении.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сојузот помеѓу едно домашно животно кој трае веќе миленуми и на човекот природно му се наложува.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Обуката траеше веќе еден месец и сè уште не добивав одговор дали ќе ме примат мене или другото девојче.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)