трае (гл.) - процес (имн.)

Токму во ова време, додека траел процесот на економско-општествено назадување на Македонија, се родила и израснала една нова македонска генерација што во последната деценија на XIX век била готова да ја изврши историски определената мисија: по револуционерен пат да отвори нова страница во развитокот на македонскиот народ.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да земеме еден пример. Од падот на Берлинскиот ѕид во повторно соединетата Германија трае процесот на пресметување со тоталитарното минато на бивша Источна Германија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)