трае (гл.) - вечност (имн.)

Настана тишина која, се чинеше како да траеше вечност. Никој немаше сила да ја прекине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Почнуваше од првиот поглед пред хотелот Куба на матурската забава преку првиот допир на рацете во паркот зад стадионот, до бакнежот што траеше вечност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Среде битката за вечноста некој постави откачено прашање: да не трае вечноста колку една обична насмевка?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Светот се испотепа да утврди каква е и колку трае вечноста.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)