трае (гл.) - тој (зам.)

Зад кулисите на човечката суета, Додека трае тој краток допир на лежерна опуштеност Како втор Рембрант ван Рејн, што ја оживеа природата на платно Јас на лист бела хартија и црно перо во стилот на виножитото со раскошни бои ќе го насликам светот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Со години траеше тој катадневен ритуал, додека Мајка ја служеше здравјето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секогаш, кога ќе се дофати вистинскиот миг, мора да се истрае, мислеше, сè додека трае тој; а за совземање и за одмор може секогаш да се најде време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шеесет дена и шеесет ноќи траеше тој пат, од тргнувањето до враќањето, и јас ослабев сосем, кожата ми се затегна врз коските од телото, стапалата ми распукаа како калинки и крвавеа кога стигнав во Дамаск, на пазарот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)