Тоа можеше да биде и следниот миг, не можеше уште долго да трае тоа негово наближување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Траеше тоа доближување до запалениот далечен оган што се надзираше, но повеќе како претчувство, а помалку како видлива слика.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И траело тоа пријателство, и сѐ било добро, се помагале, се почитувале сѐ до тој ден, кога човекот не ѝ забележал на мечката дека ѝ смрди здивот.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
За некое време, им рече учителот, без да знае и самиот колку ќе трае тоа време.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)