Оваа состојба на Марија траеше три и половина години. Сите скоро изгубија надеж. И мајка ѝ. И сестрите. И Елена. Само не лекарот...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Со оглед на тоа дека приправниците најчесто се лица кои за прв пат засновуваат работен однос, оспособувајќи се за работа во струката за која стекнале стручна спрема, законодавецот наместо да го стимулира овој дел од работништвото, тој дополнително остава можност за уште поголема негова експлоатација;13 б) кај договорот за вработување со пробна работа, во чл. 60 беа додадени два нови става кои нормираа дека при вршењето на сезонската работа, пробната работа може да трае три работни дена, додека пак експлицитно беше утврден рок од три дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со пробна работа по кој работодавачот не може да го откаже овој посебен вид на договор за вработување (чл. 10 од ЗИДЗРО/фев.13); в) едни од најкатастрофалните измени во поглед на работничките права дојдоа со измените на одредбите кои ги регулираат општите услови за засновање на работен однос на лицата под 18 години.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тие разбраа дека тоа село сега на Петковден има селски панаѓур и тука се собираат селани од сите мариовски села, а панаѓурот трае три дена, та ќе направат добар лов уште тука и од другите села.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Потоа, следи моето изненадување кое ќе трае три дена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)