толкува (гл.) - сон (имн.)

Почна да им ги толкува соништата на луѓето, да им куша, да им бае, да им бара чаре за сето она што ги мачи и боли во душата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И, ако се толкува сонот како потиснување на можното во потсвеста, како негова спротивност, да речеме дека Мирон Донски решил да го оддалечи Татко од сиџилите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сосема ретки се вонвременските сонови И нема вонвременски аршини Со кои да се мерат и да се толкуваат сните А секое толкување на секој сон Треба да се прави со многу дикат
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тогаш ме разбудија комшиските џукели и тргнав неминовно до веце да мочам а потоа седнав веднаш пред компјутер и почнав ко Фројд да толкувам сништа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)