тлее (гл.) - во (предл.)

Беше спокоен што беше ослободен од постојаното имагинарно обвинение што тлееше во него и постојано се зголемуваше во неговите мисли.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Веруваме дека тој тлее во мнозина глави. Тоа сепак не е доволно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И дека и куќата си ја оставила отворена и жарот што тлееше во огништето си го покрила со пепел?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во моментите кога се меша со притоките на ирационалноста, заблудата, кога ветрот ни фрла прашина во очите, настанува поматување и колку и да се прашуваме и да бараме оправдувања и да го потиснуваме бесот кој тлее во нашите срца, ќе мора да се соочиме со сопствените одлуки и чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Достоинствено и пристојно (не налудничаво или избезумено) многу често преку монолог се обидувам да најдам одговор на онаа што тлее во мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На лекарите што ја лечеа порано, сето тоа не им беше чудно: една крајност, раѓа друга, велеа: потиштените чувства тлеејќи во неа, сега наеднаш избувнаа како чир, како експлозија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Понекогаш и сензуално, но толку длабоко допира до мене што и кога не е до мене неговата светост тлее во просторот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дали каењето до денеска тлее во него!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се обидував да му објаснам дека тоа не е нормално, дека е целосно лудо; дека не би можела да издржам, дека ме скокотка, а тој рече: „Да не те понижува, можеби?“, и јас, во тој момент знаев, бев сигурна дека Јан Лудвик не е дојден туку-така и дека одмаздата, без разлика колку тој се преправаше дека е рамнодушен кон сѐ што му се беше случило, сѐ уште тлее во неговата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зошто ми е живот лишен од слобода да тлее во некоја темна ќелија на Еди-куле, или да се стопи под жешкото сонце во Сахара? не, претпочитувам да умрам!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тлееше во него, чмаеше, некоја собраност да молчи, да не се прават непотребни движења, - та сите движења се сега толку непотребни, та толку е непотребно сега сѐ, - да се помине колку што се може со помалку покажување на себеси, а од тоа дури и здивот му стануваше притивнат и слаб.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, не се поколеба. Нешто одвнатре го тераше така да постапува, нешто за кое не беше свесен, што тлееше во самиот него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сѐ што речеш ил помислиш не стивнува Тук, останува, тлее во вечната правда Не порекнувај оти дур в идни животи ќе страдаш Не се шегувам, не, ова не е никаква парада На хирови и суети, туку уште од доба стара
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Доволно интерпретирав, почнувам да менувам. Доволоно тлеев во револуционерна криза, сега ја преземам власта.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Неговата нервоза, хистерија, импулсивност, неговата љубов кон гламурот и „морбидната љубов кон згодни работи, кон придушена светлина и кон свежо цвеќе“ (122) се сѐ особини што се општествено кодирани како немашки и што му го заведуваат геј-сензибилитетот под знаците за невротичност и, особено, за женственост. ‌Херман Мелвил, пак, ги протерува сите траги на женственоста од човечкиот крајолик во „Били Бад“ (1891).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понешто од „женственото во мажот“, сигурно, можеби опасно тлее во машкото срце, но барем нема свежо цвеќе во Мелвиловиот приказ на британската морнарица.249 Мелвил прикажува жесток семашки свет, во кој нема ни најбледичок знак на настран сензибилитет, но кој истовремено е крајно опиен од машка убавина – со таа негова „красота и моќ, секогаш привлечни во мажествениот спој“ (292) – и е сеприсутно проткајан со истополова желба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Снаата кратко одмавнува со глава и почнува да тура од леќата што се подгрева на последните жарчиња што тлеат во печката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Веѓите ми се искубале, само уште една мало жарче ми тлее во очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)