На подот послан рачно ткаен килим, но од краиштата се гледа набиената глина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ќе ткаат килими, ќе ги вткајуваат во нив своите желби, своите соништа, своите мечти, а во тие убавини што ќе излезат од под нивните прсти некој друг ќе ужива.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Влегоа во гостинската одаја со долга трпезна маса и столбови од резба, шарен ткаен килим на подот, ѕидана печка во ќошето, тесни прозорчиња со бели платнени пердиња собрани на средината со ширит и запнати за рамката од прозорецот да влегува повеќе светлина; на челниот дел од одајата иконата на свети Наум со запалено кандило; на едниот ѕид стара слика на манастирот; на средината од масата свеќник со свеќи; на полицата над масата газјена ламба од бел порцелан.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)