тече (гл.) - бавно (прил.)

Влтава течеше бавно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во старата зграда на гимназијата сѐ течеше бавно и секојдневно како порано.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дримот течеше бавно и тивко. Водата беше темнозелена.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Преговорите течеа бавно. Се одолговлечуваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со него секогаш можеше да помине неколку убави часови, да чуе од него нешто интересно, нешто ново можеби, зашто во планината сѐ течеше бавно и спокојно, нови беа само деновите што се нижат, времињата што се менуваат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И не без причина му рече на Лозински дека длабоките води течат бавно, а плитките брзо. Тие го ритмуваат егзилот...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)