Во липтеж се тресат старечките рамена... Заплакаа собраните и видоа како меѓу прстите на Ѓорѓи, кој со дланките го има покриено избиеното лице, течат солзи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но стрина Спасија уште погласно пиштеше и си ја корнеше косата, зашто од очите на Руса ѝ течеа солзи право прудолу по секотините и право прудолу со секотините се чинеше ќе ѝ истечат и очите со боја на модар јоргован и големи колку филџани, толку што беше огрубена.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Ги овргали своите сиви гулабови очи, од кои веќе почнаа да течат солзи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Му течат солзи и само подзинува човекот, кркори.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но, на Ане и на Дора веќе им течеа солзи од смеење.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
МЕСЕЊЕ ЛЕБ
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Еден ден патувавме за Прилеп, беше врнежливо, јас немав опинци, патот за селото Крстец беше измиен од дождот, а некои мали камчиња ме боцкаа по нозете и од очите сами ми течеа солзите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Татко ѝ, некој мирен опаднат човек, вистински старец, во црна свечена облека и сосема ќелав, веќе се беше напил и можеби поради тоа постојано му течеа солзи од очите, мали, збрчкани, закрвавени.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)