тече (гл.) - лига (имн.)

Се „избацуваш“ на плажа по „купаќи“ кој, нели, е нормално да биде скуден и следиш со поглед кому му течат лиги А, кому не би му течеле?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Деца како деца: на едни севезден им течат лиги од добрина, други веруваат дека среќата се извлекува со рибарски мрежи од океанот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Туку ај по ѓаволите со јаловите сонувачи На кои ене и на билбордите им течат лиги Макар за едно само едно асолно сонче Е нема де нема секој каква што прилега сонувачка мантра Ниту му прилега на секој сон Да се вее како знаме на јарболот Пред палатата на вечните сонови Што се однесува до мене Си знам дека од пишаното не се бега Па стига ми е и сонувалникот
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Реално ли е да се сонува дека Хунзите Можат да им позајмат на Македонците Барем по еден принц и принцеза За да може и во обесцарена Македонија Да заврзе благородничката лоза И на Македонците веќе да не им течат лиги Што секаде во соседството се вратиле кралчињата и царчињата А само тие останале со празни раце Тоест со претседатели премиери и државници од друг вид?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)