Тој се придигаше со мака, нозете му се тресеа, а рацете ги свиваше над глава како за одбрана. Од носот и од забите му течеше крв.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Гоце стана. Од едната рака му течеше крв.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во пазувите на ова бессоно утро Во падините на рајот вечен Жена метузалемски стара ми прорече: Кај што река има, таму тече Крвта на твоите незнајни предци А кај ќе видиш санта, глечер Таму нема вера, таму нема светци Тук кон зло те тера лик нечовечен И тој ќе зине муцка клета Вели – малку ли се трите Света?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
- Ти тече крв, рече некое од децата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Тјуф ала - беља ни - версан со овој ќелеш што си налепив, за страмота ме стори! - рекол царо.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Поминал јунакот покрај царот и беше си го насекол малио прс од навала, да му течи крв.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Бевме во добата на невиноста, кога со допирот и слухот, со вкусот, со мирисот и со погледот, може да се насети она што е отаде појавното; кога ни се чини дека дури и низ предметите тече крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бевме во онаа доба кога не се ни насетува дека еден ден сетилата ќе бидат само дел од заробеноста во просторот и времето, а не дел од трепетот и од насетувањето на нешто што е отаде, ќе бидат само сведоци на материјата во која веќе нема да може да се доживее онаа нежност, онаа топлина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во реката лежеше едно сивкасто теле. Од слабината му течеше крв и се мешаше со водата.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Одозгора камионот беше маскиран со зелена шума а оздола течеше крв.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се држат за глава, на некои им тече крв од носот, им се разлева по предниците.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)