Таа беше специфична по обликот: одгоре течеше водата, одотворениот чеп на едно големо дрвено буре, паѓаше во една глинена врчва, жуборејќи сѐ додека не ја наполни.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Гробот беше оштетен, поради стрмината на земјата низ која течела вода, но од другите три страни го заградуваа гранитни плочи, потпрени со камења.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Дворот се наполнеше со засирена, замрзната крв, во грутки се тркалаше крвта по дворот. Не течеше вода, туку крв.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Рацете на децата трчаат по патот на твојот глас и ги збираат искрите на свежиот поток По жилите на царските мигдали течат водите на младото сонце. Сѐ е создадено.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тука се наоѓало селото Горно Водно, точно тука било сретсело со чешма со шест шопури, а над неа голем чинар... селото го нема, чинарот го нема, од шесте шопури не тече вода, ама останало местото да се вика - Шесте чешми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Нашол една браздичка по која течеше вода и легнал да пие.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И веќе и сега во становите во Киев гори светлина, од чешмите тече вода, се вршат поправки, улиците се чисти, а по тие улици се вози истиот комунален трамвај. 188 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Со текот на времето, ако сѐ биде како треба, ќе даде Бог, сѐ одново ќе се изгради.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не знаеш кај тече водата и кон кај тече. А може и да не тече.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тече водата, се разлева низ стрништата, низ ливадите, низ конопиштата. Џглиботи под колите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)