Објава
повеќе драми се случуваат
во мигот на обраќање
зборовите ги одгледавте
но срцето
неприпитомливо
интимно
тера по свое
граѓани
час е кога мораме
да погледнеме
во мисловните спреги
од нив зависи
тежината на зборот
климата на подрачјето на душата
обновата на смислата
младоста
граѓани
час е да се свртиме
еден спроти друг
со силата на љубовта
во име на огнот
допуштам да се размножува
симболиката
на Дрвото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Пат терале по Долно Дупени, Љубојно, Брајчино и излегувале во некое село Кажани и од таму право во Битола.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
До кога ќе си тераш по своето. Сега малку зборуваш, ама длабоко апеш...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Секој ден тераше по двапати дрва, а обата пати носеше цели лопки горски цвеќиња: јаглички, петреви гаќи, вратика, коловер, матерка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но Ангеле си тераше по свое - ништо не работеше и само шаки правеше.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Коле го повикува Калче и го тера по Васета.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Оваа љубовна историја брзо, многу брзо заврши.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)