тера (гл.) - си (зам.)

Терај си ја работата, вели, кај нас мнозина се предаваат од глад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дотогај ти гостин ќе ни бидеш, јади си, пиј си и ќеф терај си“, му рекол Аџи Кљак-кљак војводата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Наоколу многу гости седеа, терајќи си го ќефот со по некое пивце, со обемниот ручек, натпреварувајќи се со ишарети и сочни шеги, со кои се засмејуваа меѓусебно како врвен десерт по јадењето храна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како човек, терајќи си го животецот во собата во ефтин и нечист хотел во Париз, не личи на никого.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)