тера (гл.) - ги (зам.)

Одеа така Кире и дедо Димче позади коњите терајќи ги напред, полека со разговор стигнаа до логорот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Горе над селото, на говедарникот, говедарот Илија викаше: Ајде, терајте ги говедата! Терајте ги говедата!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Им заповеда да се свртат кон ѕидот од оградата, терајќи ги да ги кренат рацете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- „Море терај ги, бре внучко, воловите, не пули се по чавките, оти треба до ручек да ја изораме нивата.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ако е, внучко, ако, терај ги ти воловите.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– Туку, ајде доста – се обрна кон забитот и беговите – терајте ги во апсаната и само по еднаш леб и вода на ден – и се врати назад во својата канцеларија со Јунуса, Рифата и буљукбашијата да ги распраша понатака како ги совлада, како толку бргу, кој им помогна и друго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Фатените старци и баби ги тераа врзани под тврдината и таму ги тепаа и мачеа на очиглед на бунтовниците – нивните деца и браќа, терајќи ги да ги наговоруваат да се предадат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)