Да биде сам, да не биде тепан или испрашуван, да има доволно за јадење и да биде сиот чист, му беше сосем доволно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Што се однесува до баџанакот единствено ми е непријатно што двајцата знаеме дека тој беше во онаа група грди луѓе што ме тепаа или сакаа да ме тепаат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
ИЛИЈА: Како сакаш, да се бориме, да се тепаме или да се колеме? Јас секако пристанувам.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Беше крупна, црна, со мали мустачиња над усните.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мони беше главна, ама кога требаше некој да се тепа или да се кара, Бистра ја преземаше таа улога.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мора да ѝ се случуваше нешто ужасно, ја тепаа или чувствуваше дека е болна и токму кога Нора ќе запееше нешто од Форе, а јас на пијано, загледана во толку среќниот Луис Марија, налактен на крајот што му правеше нешто како рамка околу него, тој загледан во мене, задоволен, со лик на кутренце, чека да ги чуе арпеџата, двајцата толку близу и толку вљубени.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Ќерко, тоа беше последен пат да те молам да ме следиш на пијано. Се изрезиливме.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Можеби сега не ја тепаат или не можела да најде капут.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сиротата Норичка, нека ја придружува некоја друга. (Ова сѐ повеќе личи на казна, сега само се познавам таму кога ќе сум среќна, кога сум среќна, кога Нора пее Форе се познавам таму и не останува ништо освен омразата).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Да одам по Добрина со туристички чекор, мапата во џебот од синото палто (таков студ, а да си го оставам капутот во Бурглос), до еден плоштад спроти реката, речиси врз зататнетата река со искршени мразови и лаѓи и по некоја птица рибарче која таму се вика збуанија тхено, или нешто полошо.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа е делот што не го сакаат и како да не ме раскинува однатре чувството дека ме тепаат или дека снегот ми влегува во чевлите кога Луис Марија игра со мене и неговата дланка на мојата половина ме опива како пладневната топлина, вкусот на силни портокали или на дробени бамбуси, а неа ја тепаат и не се издржува, па тогаш мора да му речам на Луис Марија дека не се чувствувам добро, дека е од влажноста, влажноста од оној снег што не го чувствувам, не го чувствувам и ми влегува во чевлите. 25 јануари Јасно, дојде Нора да ме види и се случи сцена.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)