текне (гл.) - дека (сврз.)

Не мора да си добро платен психотерапевт од Роуд Ајленд или од Вермонт за да ти текне дека Мајра е моја Кетлин, а дека орангутанот сум јас. Ова беше поинакво..
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Им се заблагодарил за информацијата и му текнало дека треба поинаку да ги набљудува луѓето од балканските улици затоа што од нивните фаци може многу нешто да се научи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дури сега му текна дека го остави вратничето отворено.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се преврте бесно на другата страна, тешко се издиши, и дури тогаш му текна дека не е сам в соба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со остатоците од свеста ѝ текна дека треба длабоко да дише низ нос, да не се исплаши, да одмори, со плеќи да се трие од нешто тврдо и да не заборави без престанок да движи и нозе и раце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Додека свртуваше му текна дека девојката го одмина пред само три минути и дека ако потрча, веројатно би можел да ја стигне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му текна дека таа пред да разговара го врти она кругче со дупчињата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ми текна дека поради тоа што јас од мојот профил го немав за пријател, можев лесно да проверам од профилот на татко ми и да ги видам сите негови активности.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога ќе ми текне дека на свадбата на другата ми сестра го поканив Американецот, а наместо него дојде Холанѓанецот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Не знам што ќе правам без тебе, ми рече, кога ќе ми текне дека утре ќе си одиш ми паѓа тешко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во еден момент ми текна дека ги заборавив моите омилени домашни, бели гумени влечки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- А каде ми е девојчето? - Добро ти текна дека имаш и девојче.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И одеднаш мене ми текна дека утре е свети Никола и одвај чекам снег да падне.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Веројатно затоа што ќе му текне дека дошол во земја Будалија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Кога пак ќе ми текне дека се двоумеле меѓу Бреза и Бистра, ужас ме фаќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби на никој до сега не му текнало дека овде се кријат главните причини за душевно растројство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Чекај малце... Сега баш ми текна дека скоро купија уште една кола.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Дури кога го затвори вратничето на запалената печка му текна дека оние двајца можат сега да мислат и на тоа оти ќе треба да отпатуваат сами во селото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
"Сега, по две години, им текнало дека е Германче и дека е нивно" - викаше по дворот Марија, самата несвесна за тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тики (Исплашено): Но Грета!...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Помислив да му ги здробиме мудата но веднаш ми текна дека прочуениот Тики Ди нема муда.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во истиот момент му текна дека според старите тоа ќе е добар знак, за разлика од тоа ако стане на лева нога кога денот ќе ти тргне на лошо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Толку бев збунет што се најдов во ваква нова средина, што дури во тој момент ми текна дека моето не толку далечно семејство е нешто невообичаено, дека дури и мајка ми и баба ми, кои дури двапати годишно ги чистеа ѕидовите од станот, не беа толку чисти, уредни и вознемирени околу чистотата на куќата како што беше тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За последен пат добро се препотив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми текна дека така ми велеше една медицинска сестра откако ќе ми земеше крв, а јас плачев затоа што ме болеше и ми беше страв.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми текна дека кога ќе се врати вечерта од работа, татко ми ќе мора да јаде сув и тврд леб, па ќе се буни, а мене ќе ми биде криво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајка му на Дино ми упати еден битен поглед.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На патот пред мојот влез ги видов, заедно со дебелото сестриче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гитарата беше ставена во торба направена од зелена патка, а ако го сфатите ова значење, веднаш ќе ви текне дека Сем Галовеј беше Последниот од трубадурите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што точно зацутело од нив, не е сосема јасно – можете да бидете прилично сигурни дека тоа не е некој меч: можеби било гудалото, или шпагетите замотани околу виљушката, или нечија женска марама.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш ми текна дека човекот вистина не зборува ни бугарски, ни германски. - Многу си ми познат по зборот и по гласот, вели, имав еден брат исто зборуваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И дури се простуваме ми текна дека за ваква слава треба да има и деца.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)