А пак јас, тежев како камен врз него, тешка од тешки мисли, тешка од ТЕШКОТО- ОРОТО, кое во мене без престан се играше, па како лута змија отровница, под срце да ми се беше завила, ми тежеа и рацете и нозете и снагата, иако не беше многу ухранета.
               
             
           
            
            
              „Ветришта“
               од Радојка Трајанова 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Како олово да имам на нозете. Колку повеќе се напинам да бегам толку повеќе нозете ми тежат и од место не можам да ги мрднам.
               
             
           
            
            
              „Балканска книга на умрените“
               од Мето Јовановски 
              (1992)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Море, побратиме!... И првата тежи и последната тежи!... Разделба е разделба!...
               
             
           
            
            
              „Печалбари“
               од Антон Панов 
              (1936)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Света Пречиста нека те чува од лошо... (Тихо плаче и го бацува в чело).  (Печалбарите се определуваат во група и скоро ритуално почнуваат да ја пеат песната на разделбата):  Жали моме, да жалиме, еј моме!
               
             
           
            
            
              „Печалбари“
               од Антон Панов 
              (1936)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Археологот и инженерот со тешка мака ја искачија Гола Глава, ги измори брзото одење, а им тежеа и годините.
               
             
           
            
            
              „Бојан“
               од Глигор Поповски 
              (1973)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Низ една бескрај далечина:  Еден апокалиптичен пес  Врз еден апокалиптичен коњ  Под една грда месечина ме  Прогонуваат.      облак   Сјае злате облак:  (Среде небо, среде денот бел)  Главата на мојот предок  Редок,  Божји  Сведок:  Облак-утешител.      глас   Тешко спиеш и се криеш  Во таа дрвна окарина  Надвор снежи, студот тежи  И зима е.
               
             
           
            
            
              „Вечната бесконечната“
               од Михаил Ренџов 
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Имам впечаток дека е таа наполнета со олово - се ниша, тежи и се заканува да падне в прав.
               
             
           
            
            
              „Кловнови и луѓе“
               од Славко Јаневски 
              (1956)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Таа пак добро мереше кој од нив колку тежи и колку може да даде за училиштето.
               
             
           
            
            
              „Бојана и прстенот“
               од Иван Точко 
              (1959)