татни (гл.) - топ (имн.)

Потоа зареваа сирени од сите страни на градот. Далеку, веднаш не можеше да се определи од кој дел на границата, татнеа топови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Далеку, веднаш не можеше да се определи од кој дел на границата, татнеа топови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Отаде, на фронтот пред нив, каде што татнеа топовите, хоризонтот беше затемнет од некои думани во кои по секој пукот од земјата никнуваше ново темничиште. Наместа од земјата избиваше оган.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)