Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Така во шаторот главен беше асистентот - снимател, а Геро си ја сфати таа улога како да командува цела бригада - недостигаше уште јарбол пред шаторот и подигање на знамето во став мирно.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Другиот нејзин крај ја сфати таа воздишка и не го повтори прашањето, само рече: „Тој не бараше илегалци.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)