Задоволен сум секогаш кога ќе успеам да не знам кој ден е денот што го живеам.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тебе не те задоволуваат
патувања во позната насока
сакаш да кажеш носталгија
а да не биде типично:
татковинска болест, на пример
еротиката е носталгија по родниот крај
(и се раѓаш таму, и свршуваш)
со топло и сочно подножје
реагира на допир, роси
се распаметува, илегално и легално
јас не сум секогаш во јас-форма
јас е; ти сум; тој си...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Јас сум секогаш буден рекол тој и ги пуштил да влезат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Не сум секогаш добра мајка, нели? – праша, а гласот ѝ беше како нешто да згрешила.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И изразот на лицето ѝ беше како на виновник.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кажи ми, Винстоне - и запамети, без лажење: ти знаеш дека јас сум секогаш во состојба да ја препознаам лагата - кажи ми, какви се твоите вистински чувства за Големиот Брат?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)