сум (гл.) - многу (прил.)

Тие гледаа дека сум многу несреќна во околностите во кои се наоѓав, најмногу заради моите цивилизациски потреби за окружување со повисока интелектуална конфигурација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас сум многу љубопитна по природа и моите дома често ме нарекуваат „досадија“, демек- сум била здодевна со прашањата, со упорноста да го истерам докрај тоа што ќе си го наумам, па ги „давам“ понекогаш до бескрај, додека да “им пукне филмот”, како што има обичај да рече мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сепак сум многу контрадикторна, понекогаш и контроверзна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дали сум многу остарена, оветвена во лицето, дали ќе ми се тресат рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука некои аналитичари би трагале и по генетски потенцијал, иако јас сум многу посклон кон еден најличен, натпросечен и сериозен талент за преобразба каков го поседува Марта Маркоска.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Са упрасила абаа су ногу малечки и му станалу жал на во Круме, си заправиу и он а на кулиба, да а пуле неа и прасијнта, да и чува!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Гледате, и јас не сум многу рационална.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Часот ми беше здодевен и долг.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наставничката предаваше, ја гледав внимателно, право в очи, веројатно мислеше дека сум многу заинтересиран, ама нејзините зборови летаа покрај мене и низ отворениот прозорец одминуваа надвор - во спокојното септемвриско претпладне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Наведни се, не можам да те досегнам. - Јас не сум многу висок, туку ти си многу низок.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ти си многу горе, ми вели Јон, или јас сум многу долу, ми вели, дури го молам, дури се наведнувам да го кренам, вели Мисајле Ковачот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)