сум (гл.) - среќен (прид.)

Извишено се наоѓам на средината меѓу нив и како божем играм, пејам, се веселам, толку сум среќен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Вие можете да чуствувате дека сум среќен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сашка ја крена главата, благо ѝ се насмеаја замаглените очи: - Дојди Драгане, седни, толку сум среќна! - Браво!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нели си среќен, Драгане?! Кажи ми! Јас толку сум среќна!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„О, Даниел, многу сум среќна. Одвај чекам бебето да дојде и да го видам. Знаеш дека ќе биде машко.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Овде сум среќна, и не би жалела ако никогаш во животот не видам друго место освен ова.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Лут си затоа што се омажив, затоа што сум среќна?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И кога конечно го пушти, таа рече, „О, Даниел, многу сум среќна. Дури и не можам да плачам.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Градот се будеше а јас си помислив дека треба да сум среќна што доаѓам во Париз во период кога велат дека е најубав -во есен.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но, на задоволствата се сеќавам живо, на сите пријатни чувства. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 201
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но јас сум среќна бидејќи го работам токму она што го сакам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За среќа, главно веќе ни не се сеќавам на своите страдања.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знам дека ги искусив сите тие случувања но не можам да ги оживеам во сеќавањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако мирисот на запршките е само плод на моите соништа, тогаш јас треба да сум среќен човек затоа што имам таква можност да го почувствувам мирисот на соништата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Денес јас сум среќна братче ми се роди секој ден в училиште за раче ќе ме води.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На главата круна златна стави, чудни движења со телото прави, и шмекерски вешто кокетира, закони и правила на сите им диктира... HAPPY BIRTHDAY ELENA Денес јас сум среќна роденден ќе славам, колачи и торта, сама ќе си правам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Задоволното убаво лице и мебелот велат: „Јас сум среќна и богата“. Но, не верувајте, читателу!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во ходникот ја очекува лакеј во униформа, на улицата пар вранци и санки со мечкино крзно...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Секогаш сум среќен кога ја избегнувам смртта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И многу сум среќна дека немам личен доктор за сопруг и партнер, кој секогаш би ми препишувал колку мг. треба да пијам од „енапот“ поради притисокот во вените, колку „деметрин“ во мг. поради несоницата во ноќите кога, од желба по него, очи не можам да затворам, па кога наутро ќе станам од постела бела и незгужвана, со „андоли“ да ми ги олабавува згрчените мускули.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Многу сум среќна и сигурно се чувствувам во земјава во која законот се применува неселективно... за сите, без исклучок. А, така и треба, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сакам зошто знам дека сум жив и срцето бие и душата боли, тајна крие и очите солзи лијат, а сепак сум среќен како никој на светот, не смеам да те допрам , но можам да го сакам цветот.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Доаѓам петок стоп чекај ме мост. Кој мост?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сиротата Норичка, нека ја придружува некоја друга. (Ова сѐ повеќе личи на казна, сега само се познавам таму кога ќе сум среќна, кога сум среќна, кога Нора пее Форе се познавам таму и не останува ништо освен омразата).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, за мојата совест грижлива, добив утеха неповторлива, возач на Црвен Автобус станав, му носам на адот храна, разнесувам тела и магариња, им наплатувам дебела патарина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Конечно сум среќен во Дантеовиот пекол вечен, и не се тресам како прут во блудниот осми круг!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Биди ми ден кога е ноќ за да сум среќна во него... биди ми сон кога сум будна за да ми бидеш реалност... биди ми збор кога животот ми тежи... допир за да те чувствувам мисла за да не заборавиш една случајност...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Сега, конечно, се спуштам во реалноста, и ти благодарам за тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега сум среќна ако те боли од мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
ПАВЛОВНА: Колку сум среќна што дојдовте да ме посетите!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сега сум среќна.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Се чувствувам убаво, слободно и достоинствено и се додека сум среќна ништо друго не е важно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Исполнета сум со спокој, зошто ова срце создава и креира едноставна убавина во секој миг од денот, во мене расте љубовта кон себе, кон светот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
— Цивилизација е онаму, велам, кај што мислам дека сум среќна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видоа дека тој миг можам и со смртта да сум среќна и ме послушаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас - како децата - бев возбудена, а сега сум среќна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ех, колку сум среќна! Ми иде сите да ве бакнам.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тоа беа охрабрувачки вести но кои веднаш потоа беа демантирани.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но следеа толку многу разочарувања, толку очај што секогаш кога се појавува мала светлина на надеж, јас повеќе не се осмелувам да им пишувам дека сум среќна поради тоа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Крвта циркулира, мозокот пумпа крв, рацете лачат мравја киселина, дното станува површина, постконцептуален артизам, естетика на очај, пештерски ларпурларт. (Се враќа на нозе.) Не сум среќен што сум жив, морам да се залажувам со што ќе најдам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Секогаш кога ќе ја видам, многу сум среќен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Мамо, колку сум среќен, само да знаеш!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Седам во мојата соба во Маврово, пролет е, и би требало да сум среќна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А не сум.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да, тоа беше клучот на причината зошто луѓе кои на моменти беа маќепсани од мојата внатрешна убавина и сјај кога сум среќна, следниот момент кога ќе ми згасне жарот и огнот во душата сето тоа се претвора во прав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)