сум (гл.) - спремен (прид.)

Но не е само тоа, јас сум спремен да дадам една сума пари, канадски долари, за изградбата на водоводот, ако е потребно“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никогаш не сакав да се плеткам со типови кои не можат да ми понудат заштита и разбирање, особено затоа што јас не сум спремна да му ја дадам некому.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Што знаат овие за мене, воопшто што кој знае за мене, на што се надевам, на што сум спремен?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навистина не сум спремен и не сакам да го сторам тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа сум спремен да признаам дека сожалувањето што го спомнав во врска со мешето на генералската ќерка има не само неодреден дури и чуден вкус туку е наросено и со еден посебен вид горчливо задоволство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели со грдо лице е славјето па и прозрачноста што ни се лелее пред очите! Ха, ха, ха!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека ти од поодамна си раскрстил со оваа заблуда?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и не сум спремен да ја обвинам дури и под претпоставка дека таа од некои нејасни причини намерно го потхранувала сомнението што Огнена Гулева во купето во мое присуство го изрече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Пред малку, можеби сосема случајно (а можеби и не), твоето поранешно уверување дека другарот Ѓурчин ти е татко го нарече фама.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи кога спомнувам леснотија што се лелее всушност мислам на лелеењето на нашето задоволство откако ќе наиде грдата вест.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали би можел јас таквиот исказ да го протолкувам како твое уверување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прифаќам! Се извинувам. Дури сум спремен и да се сложам со тебе дека шегата не е нашиот единствен проблем! Ги имаме и премногу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со лопата да ги ринеш... сакам да му речам на мојот двојник, но молчам и чекорам, осатавам тој да ми се јави откако ќе утврди колку е непријатно кога го игнорираат твоето присуство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не го сторив тоа ни оној ден кога свесно одбив да бидам „унапреден“ во доделувач на пофалници и на други одличија со кои ќе требаше да им ги украсувам градите на оние поединци од стадото кои ќе прифатеа дека единката нема потреба да размислува за појавите и настаните за кои Партијата има одамна веќе стокмено одговори и распишала рецепти и правила.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Искрено, да бидам „Мега“ месарница, не сум спремна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За соочување и дебата сум спремна секогаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во овој миг не сум спремна самата да се соочам со мајчинството.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш сум спремна и на тебе сè да ти простам! – додаде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нејзината желба, или нападот на желбата наеднаш се престори умилкување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, при броењето се служевме со лупи. Или и оваа глетка ја имам сонувано?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Треба да знаеш дека во мојата пракса имам евидентирано приличен број необични случувања кои по внимателните и сестрани анализи ја губеа магијата на таа необичност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека сите додатни објаснувања на Соња Пазарџиева имаа за цел да ме уверат дека сум прокоцкал убава шанса, но дека животот без тие непредвидливи околности ги губел изненадувачките својства, а спомнатата Соња, ја сфаќала во прилична мерка мојата природа, знаела дека јас не сум спремен да го изберам сивилото како основна боја за моето секојдневие.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еднаш си ја дозволив дури и таа понизност да ја замолам, ако се случи некогаш да посака да ме види паднат, а притоа ако забележи дека не сум спремен да се бранам, нека не ме поттурнува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Забораваш дека тие нешта најлесно се проверуваат – ме предупреди безмилосно рамнодушниот глас на иследникот. – Објаснувањата што ги слушнав за твојата божемна заборавност лично не сум спремен да ги оправдам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Знаете, јас ќе ви раскажам сè што знам – реков – спремен сум дури и своите сомненија да ви ги презентирам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не држете ме за збор, и сега сум спремен да тврдам дека со Стариот писател Зрновски заедно ги броевме редовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овде и во овој момент јас не сум спремен да ги набројувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сум сигурен во врска со светлината што сега ќе ја спомнам, (мене сѐ ми се чини дека ја видов) затоа некој од моите блиски ако потврди дека чудна светлина огреала од лицето на тетка Боса Сотирова во моментот кога сфатила дека син ѝ нејзе ѝ се обраќа од темнината на ноќта, јас сум спремен да прифатам дека несомнено беше така.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Негово е она согледување дека едноличноста на грдото ги зазема најубавите места во нашите спомени иако не сум спремен да ги прифатам начините што тој ги предлага за да се надвладеат ваквите состојби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Токму ваквата свест за состојбите ме беше поттикнала, при едната од визитите отворено да му изјавам на мојот иследник дека сум спремен да соработувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А токму во слабоста се раѓаат вините.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но за таков чекор не сум спремна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А можеби беше во прашање и нешто друго, нешто повеќе, за што не сум доволно упатена а и не сум спремна да судам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еве, и на оваа негова слабост сум спремна да помислам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас лично имам свои радости и свои тешкотии; не сум спремен да трчам по туѓите несреќи“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Инаку, не ги знам причините, но тој генерал мене многу ме потсетуваше на татко ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа е лична заповед на генерал Деникин и јас ни мртов не сум спремен да ја погазам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ако мислиш дека не сум спремна да ти сочувствувам“, му велам јас за да му се приближам барем малу „тогаш грешиш“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ниту пак умеам такво нешто да сторам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замисли си вакво нешто: Рајна ѝ изјавила и на Трајчеица, и тоа не дома или на улица, туку на гробот на Ролан Јоковлевич, на Новоселските гробишта, дека многу ја жали но не поради загубата на сопругот: "Многу те жалам Трајчеице", ѝ рекла,"само затоа зашто сè до крајот на неговиот живот не сфати оти нему Господ му порачал да избира помеѓу жените и да ги прави среќни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Те изгубив, но пак те најдов, сега сум спремна да те задржам засекогаш.”
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но светот се промени толку многу што дури и вљубувањето не е толку искрено, страсно и слатко како некогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сега сум спремен пак да си бидам тоа што бев порано.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Уште повеќе се расположувам, толку многу што дури сум спремна да не правам проблем ако татко ми и брат ми изразат желба да останат со нас во дневната соба. Ама, не се случува така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)