(Значи, имајте на ум: јас сум случаен учесник во настаните за кои подоцна ќе стане збор).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Јас сум случаен повратник од бездната и затоа се плашам од слободата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)