сум (гл.) - мал (прид.)

Најстина сум мал, сега завлегу во седумнајсет, токо ја и ошче помали и татковци се сториа и пак ич гајле не му е, — и Крчо ја исправи главата, што му беше наведена уште од Достаната навреда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Мал су за комита, а не сум мал за венчање!“ — со лутина си мислеше кога си тргна од кај вујка си Ѓура.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога треба некој мене да ме сослуша, па тоа не е ништо страшно, јас сум мала.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Погледнав во вратата и си помислив што би рекле моите да ме видат доцна ноќе како седам во собата со непознато момче, а толку сум мала, само десет години имам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што дека сум мала – бев упорна – и што дека не можам сè да разберам, сепак уживам да те слушам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Можам да ги пратам моине деца да ти ги окопаат леите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не сум мала, му рекла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Е, не сум мала, голема сум! - почна да се инаети таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ами сега - рекло ќосето - брашно н¯ ни втасвит за погачата?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Чунки од татка си знаело шчо стока било ќосето, сега детето се мислело, каква хитрос да измислит, за да не можит ќосето да го измамит ида му задржит брашното.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така и ја, ако и да сум мал, ама знам да царуам, оти сојот ми је царски.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Одамна јас веќе не сум мал, одамна веќе не сум крал.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Од каде ќе знам јас? Јас сум мал и тоа не ме интересира.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не измислувај, Анатолиј, му рекла Рајна, не сум мало дете.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)