сум (гл.) - жив (прид.)

Кога Наташењка си дојде на себе по несвестицата, тој седеше на креветот и ја галеше со белата рака по главата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Јас сум жив, ќерко - рече тој гледајќи ја право со отсутните очи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека сум жив нема да дозволам да гладувате ти и децата!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ми се смачува. Зошто луѓето не сакаат да ми признаат дека сум жив!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако продолжи да ми биде вака убаво, не знам зошто би ми било да сум жив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како да не знам дека сум жив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
МАНОИЛ: Јас сум должен да заминам, а ти ќе останеш во оваа куќа сѐ додека јас сум жив! (Тргнува кон вратата) Збогум!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
ЛЕНКА: Ако сум жива кога тоа ќе порасне и него ќе го задомам.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- Танас! „... Тоа досега не сум го сторил“ - Продолжи Ѓеле кој не го чу викот на учителот, - „а и натаму, додека сум жив...“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Јас кај да сум жив — умрен, пред да ги скорнат овчарите бравите, ќе дојдам и ќе свршиме работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, арно, арно. Седи си ти тука со децата и со старите, јас дури су жив ќе ве пригледуам, та откако ќе умра, шо знајте правите — беше последниот Толев збор со Ката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Важно сум жив. - Таков и да ми останеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Затоа, во својата ни најмалку декларативна поетика, авторот е толку самосвесен за творештвото како свест за оние предели за кои веруваме дека се вечни: „Со моето сведочење во вид на писание дека некогаш сум бил, всушност, јас и посведочувам дека сѐ уште сум жив, но дали на овој или на некој друг свет, не знам“ (Писание за ѕвероглавите и мојата смрт).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со моето сведочење во вид на писание дека некогаш сум бил, всушност, јас и посведочувам дека сè уште сум жив, но дали на овој или на некој друг свет, не знам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И, што е најстрашно, не знам дали сум жив или мртов.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Голем канон ми дадоа, чедо: месо ич да не каснам дури сум жив; е, е, метании непрестајно да чинам; е, е, броениците непрестајно да 'и тргам и "Господи помилуј# да велам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тогаш сум горд дека сè уште дишам, дека сè уште сум жив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И, бидејќи сѐ уште сум жива, тоа, ете, и не било толку опасно по живот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Колку да се знае дека сум жива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Господи, со очај се мачев да разберам. Можеби само ги мислам своите прашања и можеби сум веќе безгласен и глув, мртов или пред умирање, нападнат од момчешки соништа!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се топев. Се обидував да мрдам со прстите во опинците, да дишам, да барам дамка на парчето дневна месечина, да си докажувам дека сум жив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но далечното ѕвоно ја отчукуваше возбудата на моето срце што раснеше со трепетливоста на тагата и радоста, најпрвин на тагата за сите мртви на патот што пролетта ќе ја почувствуваат по движењето на лесковите или габеровите корења, потоа на радоста што сум жив и што можам со прсти да го допирам своето врело лице, што оздравувам од невестинска песна, придружничка на птици и клокотава смеа на селски дечишта: Кога, дете ќе ми плаче ќе ми плаче за цицање полегни го под стреине ќе заросам ситна роса ќе надојам машко дете ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад сето тоа се криеше големата сложеност на едноставноста, сиот тој ред на привидното спокојство да стане разбуричканост на споулавеноста - цветови сме што можат да пуштат отровни трња пред кои месото на животот не се повлекува туку им се нуди, им се остава да го параат, и јас веќе не знаев зошто го продолжуваме патот, иако Онисифор Проказник им рекол на неколцина дека ќе изгинеме и како мртви ќе ја победиме смртта зашто друг по нас ќе се бори: на бедниот со срце, господи, помогни му.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не ќе предадеш, мајчин, бавно процеди. - Додека сум жив, не ќе предадеш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му велам дека сум покоен Никола Боткин, сум бил и веќе не сум жив, нема кој да ми пишува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, додека сум жива, имотов сакам да остане во целост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакам да те мислам, знам дека сум жив.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Сакам зошто знам дека сум жив и срцето бие и душата боли, тајна крие и очите солзи лијат, а сепак сум среќен како никој на светот, не смеам да те допрам , но можам да го сакам цветот.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Никогаш не ќе разберам што се случи со нашето татенце, никогаш додека сум жив чинев не ќе разберам каков ветар удри во неговото срце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ноќва, и по секое зајдисонце додека сум жив. И по смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му велам дека сум покоен Никола Боткин, сум бил и веќе не сум жив, нема кој да ми пишува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас сум вистински, јас постојам, јас сум жив! Зарем не ти се допаѓа ова?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во првите години ќе се јавуваше од некој град, од некоја земја: „Јас сум жив...“ и толку.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Многу денови после тоа воопшто не знаев дали сум жив или не. Се чувствуваав како мртовец.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако милуате сете четворица, јас су решил да си а посина Нешка и дури су жив да ми биде моа и да ме испрати кај татка, мајка и кај моа Велика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Јас, рече, не а сакам наа роспиа за Крстета, да ми а погани она мене брадата, а јас да дрема. Тоа не може да биде дури су жив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зар пак да те вида во таа ѓупцките? Ни вечер, ни утре, ни в година, ни дури су жив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пак, ако сум жив јас нема да заборавам вас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но ако срам ме залиса оти сум жив а закопан, кажи ми, кажи, Фиданче кај да се кријам со лице?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Еве, јас сум жив доказ за тоа: по многу упорни обиди и залагања, вчера конечно добив охрабрувачки и-меил од една продуцентска куќа (заради професионална дискреција ќе го премолчам името на испраќачот, па во понатамошниот текст ќе ги нарекувам Џиги Миги Ентертејнмент).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но јас сум жив, ќе ја уверува, нашите приказни се во кристалната ваза.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но јас сум жив, реков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Што ако сум жив стотици години, се провлекувам низ легенд, а не знам за тоа?!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Наеднаш до мене се проби негде од далеку познат глас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Изгледа некој во мене проверува колку сум жив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во оваа вејавица, под лудите завивања на ветрот, во овие диви планини што лежат под дебел снег, под постојан дожд од топовски и минофрлачки гранати и непрекидно кракање на митралезите и денес јас сум жив.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нели ти рече дека сум жив, а?...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дишам колку да знам дека уште сум жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум жива, се јавува Воскресија Мукаетова, ми иде како од онаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секој ден да идат луѓе со повојница и да ми го наслушуваат дишењето, што се вели, да гледаат дали сум жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само уште понекаде сум жива...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Колку ми е срам! Поарно да не сум жив. Отсега нема да бидам таков!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Јас сум ти чуден човек: ако загинам – сум жив.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
СОЊА: Со тие раце ти направи и нешто друго. БОРИС: Тоа го платив и преплатив. Ти двапати годишно проверуваше дали сум жив и ми честиташе на упорноста.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЕВТО: Јас сум жив! Жив ли сум! Жив сум! Си се носам себеси на грб, како товар.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Како тоа јас сум жив?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Крвта циркулира, мозокот пумпа крв, рацете лачат мравја киселина, дното станува површина, постконцептуален артизам, естетика на очај, пештерски ларпурларт. (Се враќа на нозе.) Не сум среќен што сум жив, морам да се залажувам со што ќе најдам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не знам што да правам со тоа што сум жив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОЖО: Зошто? ЈАКОВ: Затоа што сум жив заедно со нив. Барам да видам што пишуваат за мојот живот. Нема ништо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ПАРАСКЕВА: Опседнат си со смрт. ЈАКОВ: Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. (Пауза.) Луѓето копнеат да умрат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: И сега сум жив и здрав. Мислиш тоа е доволно. После косата ќе ја бараш обетката, по обетката ушите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈАКОВ: Ѕидот во вашата глава. Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Нема никаква разлика помеѓу тоа дали сум жив, како сега, или мртов, бидејќи тоа не можам да го знам.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Еднаш ми рече: Миле, јас наполнив сто години и уште сум жив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Само отров ми треба, веќе да не сум жив ако ме снајде тоа”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе ги однесат сигурно на пазарот за робје на Крит, или во Едрене, да не сум жив! Таму робјето се продава поскапо!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мајка ми избезумено ме гушкаше и ме бакнуваше, ме допираше по цело тело, како да сака да утврди дали сум цела и да провери дали сум жива и здрава.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најмногу за тоа што сум жива, здрава имам прекрасно семејство и секогаш се извлекувам од кашата најдобро што можам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)