сум (гл.) - трговец (имн.)

Сујак продолжи: - За мене секаде има работа... Јас сум трговец на кожи. Животни секаде има...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас сум трговец со маслинки, но ме возбудува животот наоколу. (Пауза) Дали сум јас трговец со маслинки? (Пауза) Ме замоливте да ве учам како да се однесувате.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тој не можеше да се сети. Тогаш трговецот се насмеа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Трговецот му пристапи поблиску и му одговори: - Јас сум трговец. Купувам свињи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)