А и ти не верувај дека сум реакција.“  „Не, ти не си реакција“, рече брат му. „Ти си само зло.“  „Решуваш гатанки, другар брат?“ Меѓутоа мислеше за себе со горчливост ти се замрзнуваат врвците и јазол се, зол вепру, мислеше со секој грч на нервите, и се потсмеваш само за да не паднеш на коленици и за да не молиш за своето утре.
               
             
           
            
            
              „Месечар“
               од Славко Јаневски 
              (1959)