сум (гл.) - тој (зам.)

Ти не ли си Дики, осамено момче кое бара широкограда девојка со топол поглед и благ глас?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дики: Изгледа дека јас сум тој.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас сум тој што го јаде ќотекот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не ми даде никаков аргумент и сега пред јавноста испаѓа дека е тој во право, а дека јас сум тој што ја нашравил збрката.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сцената си постои, артистите си постојат, јас не сум ни сценарист, ни режисер, а сепак, чувствувам некоја одговорност, божем јас сум тој кому ќе му замерат за поредокот на сета вселена, за хаосот и за редот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас: Во песната сум Тој: Летнат Вишен Огнодишен: Тој. отаде сонот мој Отаде мојата куќа Отаде светот Отаде сонот мој И некаде Потаму од нив: Уште чека Дур од века Зборот незгаслив. чародеј Во глава ми Лаком змеј: Ноќум бдее Песни пее: Ча ро деј. сам Знам: И во самоста Сакам да сум Сам. мисла Ништо не ме мами Ништо не ме зачудува Во мене гори таа И ме полудува. сликата. песната.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Секако јас, зашто јас сум тој што згрешил. „Молам, простете ми... згрешив... јас...“ пелтечев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Јас сум тој, разбери“, ќе му преречев јас.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Не“, ќе ми речеше тој, „јас сум тој што најневерува во Бога“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Јас сум тој – му велам – кој пред едно два часа ви се јави по телефон...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Добре отполедне – ми велат и ме прашуваат дали јас сум тој и тој.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не би сакал јас да сум тој што ќе ја доведе акцијата во прашање. Ме разбирате...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Арно ама, во моментот изгледа сè уште не беше избран автомобилот кој би ме лишил од животот и срцето ми е сосем здраво, иако и јас не сум противник на добрата капка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И денес се лутам затоа што на шефот не му побарав отказ пред да бидам принуден да му го побарам; што неговите безвредни предмети не му ги фрлив пред нозе пред да бидам речиси принуден да му ги фрлам: зашто, еден ден мојата стопанка ми внесе во канцеларијата некој човек со мрачен поглед кој ми се претстави како продавач на лозови и изјави дека сум сопственик на сума од 50 000 германски марки ако сум тој и тој и ако имам некој си лоз.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Јас не сум тој, јас не сум интелектуалец, јас не сум дисидент, јас не сум европеец, според тоа моите хемороиди се поинакви, оти секој газ е поинаков, мојот газ е балкански во секој поглед; кур ме боли мене за неговите хемороиди, и така натаму,“ здушено во себе зборуваше Круме Волнаровски и офкаше од болка додавајќи: „Ќе ги искорнам со прсти, нека истече лошата крв со гомната, да се ослободам од оваа мака, од оваа тежина, и така натаму.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Јас сум тој што сум, Нинослав,” ѝ велев, „јас сум оној што сакаш да стои пред тебе и тоа е сè што можам да ти кажам,” ѝ велев.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но јас сум тој кој ја замислува и ја знае таа тежина, а Борко сега, најпосле, си е мирен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Демек: добар ден, јас сум тој и тој, работам тоа и тоа, дали сте заинтересирани, ако да - јавете се, ако не - е па ај!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Можеби јас сум тој, ваша светост!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
„Ме збунивте. Помислив за момент дека јас сум тој што прашува а дека вие се служите со моите зборови“, најде за потребно да објасни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе мора да ме почекаш. Јас сум тој што ќе те побара.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако чекаш таму сигурно ќе те пронајдам – втасав да ја предупредам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се прашував: зошто? И си велев: ако, нека си пее, но зошто, мајка му, токму тогаш кога јас му велев дека сум тој и тој, дека тој си има дома, а мојата дома ми ја одзеле и ме натерале да сакам туѓа дома?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
За среќа, Јоле, најмалиот, со кого дотогаш имав најмногу мака, почна да сфаќа оти ја сум тој кого што треба да го слуша.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сакам да го љубам него, викате: „Љуби ме мене, јас сум тој”.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Бабо, - почнав несигурно - јас сум... јас сум... бабо, јас сум тој што ти го искрши прозорецот, - најпосле изустив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Погледнете ме, јас сум тој - момчето Молња!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Јас сум тој, рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Јас сум господине, - се побуни Шишман, објасни:- Дека Шишман ме викаат, затоа не сум тој.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јас сум тој Игбал, Кашмирецот. Од нашата продавница твоите родители го купија килимот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)