сум (гл.) - се (зам.)

Среќна сум што сум се родила во такво рајско место, и по изгледот и по доблестите на мештаните тоа место навистина наликува на рај.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- А ти мислиш дека човеков е сега дојден, - ми вели таа мене ставајќи ми на знаење дека роговите сум си ги имал на главата цело време додека поради верност сум се воздржувал да згрешам со оваа жена која со толкава љубов ми се подава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сево ова време не можам да се ослободам од чувството дека некој ме влече за нос, дека сум се фатил како сом на јадицата на некое буниште.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога и да сум ги видел заедно со баџанакот, кој инаку е доста пристоен човек, сум се чудел како ја поднесува во својата близина. Има еден таков крескав глас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Имаше луѓе на кои сум им правел добрини: сум се зазел дете да им влезе на работа, болен да им се излекува, да се оперира од најбашни оператори, лек да земе од најдобри аптеки, данок ако задоцнил да плати, да не се казни, сливи со ним да се наведнам да собирам, ако се стемнувало и не можеле да стигнат да ги дособерат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се сетив на писателот и издавач Аднан Дагларбеј, познајник со кого сум се среќавал повеќепати по светските собири.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дека семејството некогаш било имотно и дека по Војната се случило она што го споменуваше брат ми, се разбира, и јас имав слушнато, но никогаш не сум се соочил со потребата подлабоко да ги разјаснувам тие нешта, како што се соочив сега.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Го гледам ова тумбево земја“, му велам. „Очигледно, стар гроб. Знаеш ли чиј е?“ Тој крена рамена. „Не сум се интересирал“, вели.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Толпа луѓе, мажи и жени, мислејќи дека веќе сум се вратил од кај црквата, се собрале пред куќата и извикувале закани и клетви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој си стои на своето место и не се помрднува, јас сум се искачувал до високи цели, некоја сум дофатил, друга не, ме турнал животот долу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зошто? Зашто сум се зазел за нив, зашто сум направил, сум копал, сум изградил, сум им дал?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Винската визба богата, многубојна и среќна (и полна), само затоа што не сум се појавил пред две-три години.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Доаѓаа На полноќ Чиниш По договор: Стравот на еден Осамен човек И стравот На еден Осамен Збор. Корен Некаде во мене Шири и расне Длабок еден корен Огнозборен. Овошник Дрочен а мал Овошник Во кој сум се Пресоздал вода си „Вода си, Рече ноќта, Можеш Низ мене Да течеш“ „Веда си, Рече громот, Усти низ мене Сѐ што посакаш Да речеш“ ***
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Утре ќе ви е сончево, пријатно за есенска прошетка...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чудно ми е дека не ме запрашува зошто олку сум се задоцнил, не ме кара дека веќе се стемнило.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Убаво нарасна“, вели „секоја година со душа го печам, да ми јадете, да ми раснете.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вие, господине Бузони, ме опсервирате како „андерграунд-гуру“, но верувајте ми, јас никогаш не сум се чувствувал како некој што би можел да врши една таква хипнотичка инфлуенца врз масите, па макар и да се работи за една таква „елитна“ маса каков што е андерграундот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Па како ти оди? - Не прашувај. Вака не сум се мачела ни кога сум се учела да зборувам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Отсекогаш, уште од првата ука по краснописание што ја стекнував во семинаријата, под будното око на Лествичникот и Пелазгиј Асикрит, сум се ужаснувал од таа буква. Оти личи на пајак.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И рече дека денес, откако јас сум се опијанил, ѝ пришол Фискултурецот и ѝ рекол да појде со него до Велес, оти по пат треба да ѝ го соопшти решението на централниот комитет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И кога го составив со мозаикот, кога целото стана Едно, и кога се укажа целата слика на царевата ќерка под колената мои (оти на колена клечев додека чинев невидливото да стане видливо), сфатив дека сум пајак средето на своето завршено дело, дека ме заробила целината, завршеното, дека самиот сум центар на сочинението од рацете мои, дека сам сум се затворил, сум се заѕидал во тоа чудно здание, храм пајажинест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Подоцна, во циркусот, кога созреав како маж, се убедив дека анатомските можности во технологијата на љубовта се сепак ограничени (иако можат да бидат мошне богати) и дека се сведуваат на тие, во суштина – неколку препознатливи сигнали и движења што се вообичаени, и дека без потреба сум се лутел на Луција таа ноќ на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Турчинот што го поседувал тој дел на полето по Балканската војна заминал за Стамбол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога Ѓурчин ми соопшти дека ќе сум морал да ја напуштам фотелјата и да се повлечам во предвремена пензија јас и нему му реков дека тоа е можеби најдоброто решение.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И притоа уште додадов: "Знаеш, другар, повеќе и не сум сигурен што ми мели воденичкиот камен".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ломотев, обвинував, а сепак не завршив на воденичкиот камен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А пак приказните на Огнена Гулева, дека низ моите одаи прошетале многумина... ме потсетуваат на снегот: напаѓал напаѓал а по него безброј траги, но само до утрината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога го спомнав воденичкиот камен веројатно мислев на умот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сфаќам зошто токму таму ме оставиле и тоа пред портата на црквата, која и не постоела кога сум се родила.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас за воденицата и за Пребег сум се фатил. Иди, искорни ме ако можеш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некои од другарите веројатно и денес помислуваат дека среќно сум се извлекол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури кога поминале некои од нив да служат во новоизградениот хотел во градот а другите во куќата за разонода на И. Мали, јас сум се нашла во полето, близу до ќерамидницата, но кој ме довел таму и со каква цел останува да се разреши во некое друго време кога на вистината ќе ѝ тргне од рака да ја намота измрсената преѓа на настаните во чист здрав клопец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
МИТРЕ: Секогаш кога ми игра десново око сум се зарадувал. Белки сега на уште поубаво ќе истера.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Одлично! Ти не си придавка. Горко сум се лажел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
-Кога сум гледал како танцуваат снегулките, сум се восхитувал.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ѕвонел телефон, почнале вести, сум се загледала во книгата, имало недомиени садови.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
А тука, велам, каде сега стоиме, беше куќата во која сум се родил.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Откако знам за себе, постојано сум се восхитувал на остроумните решенија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- И пред сто години сум се мачел вака. И пред илјада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ти каде си бил пред сто години? - Што сакаш да кажеш, стрико Дмитре? Не те разбирам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
-Секогаш сум се плашел од случајности. Сѐ е пресметано, до тенкости проучено и, наеднаш, стоп. Слушај, Арсо, за сега не. Да појдеме горе и да размислиме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Значи, Тото ме сакаше. Ме посакувале и други, главно тајно и срамежливо (барем се надевам), но не сум се нудела.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А, само сум заборавила да дигнам рачна, ама затоа сум се сетила да „избацам“ од брзина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во календарот може е заокружен како ден на задршки, и - СТОП за љубов и гушкање, датум за забрането вртење в лево, а јас, како идиот, баш од таа страна сум се испаркирала. . . .
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Г-ѓа Маџиде му помагаше додека ние бевме на работа, па и го капеше секојдневно, понекогаш и по неколкупати зашто поради старечката деменција забораваше и, само што ќе го облечеше избањат и чист, тој викаше по Маџиде: „Меги, од кога не сум се избањал!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така беше сум паднала, сум се изгубила. На голи катови, во гумното.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што сум се наведнала еднаш така, од многу тежина беше сум... како да го кажам тоа, устата ќе ми се пострупи ако кажам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И којзнае колку време сум се тепала, така, кога сетив дека некој ме крева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас еднаш сум се родил, вели војводата, и еднаш можам да простам, вели, а ножот уште му игра во рацете, ко сок на летен припек му игра, ко змијско око му светка седефот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш, некаде пред разденување, малку беше сум се подзанесла, ме преварил сонот. Беше сум задремала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се извардувам наоколу, да не има некој да ме гледа, да не рече дека сум се померила од умот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Легнувам, а мислам дека не сум легнала, дека сум се свиткала некаде високо над рогузината, над ложникот. Како црвец во кожурец.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој како да ми ја потргнува земјата, како да ми ја истргува од под нозете. Ме опчекува една широка темница и сум се плеснал на земјата. Крај патот. Во бозјето, во коњскиот пипер, во копривите сум се плеснал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами зошто не си, мори, прашувам и се чудам, да не сум се препознала?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Небаре да сум се искачувала нагоре, кон Млакине, во Присојон и како да сум го загубила редот во дишењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние седнавме во салата. Ја догледавме операта. И право дома.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пребројувам – до пара за четири парчиња. Господе, бадијала сум се карал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Почувствував дека сум се остварил, дека овладеав со себе, и дека живеам во онаа мера во која писателите што ги земав како своја духовна храна беа од моја крв и со мое месо”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога се вратив од Шпанија и Франција, многумина ми велеа дека сум се вратил како хроничен Дон Кихот, со продолжена судбина на автентичниот Дон Кихот на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Понекогаш кога ќе си спомнев за тоа, што слатко, што безумно сум се смеел сам со себе како некоја сирота будалетинка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Рече: „Добро, значи Влав си. Мислев, можно е и да сум се излажал. Влав си и риба си. Човек, ама риба во хороскопот. Знам, сега ќе бидеш збунет“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мојот еким ми советува капење во тамошните топли бањи поради ногава, ама уште не сум се решил.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се чувствував необично, не беше тоа начин на кој некогаш јас сум постоела или сум се однесувала.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- На изгрејсонце сум се разбудила на еден зглавник со него, бабо, покриени со една јамболија... од една вода сме се измиле... во бела крпа од лебот и пиперна солца сум му врзала... и сум го испратила угоре сè до Самовилската ливада, до езерцата Пелистерски очи... по една темјанушка како нишан си подадовме - Ќе се вратам - ми рече - Ќе те чекам - му реков... и си замина отаде превалецот - како мама што си замина - накај Беласица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- - Насон сум се видела како на јаве.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А јас - што сум сторила? - Предвреме сум се загледала во очите - длабоки вирови - и бликнаа солзи, чиниш, росна капка за секоја планинска темјанушка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Каде е Трајан ? - Сѐ еден до друг бевме... неразделни... пред мене падна... и не стана... камен се камноса... да би и јас да сум се камносал - таму - на Беласица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Не, мила на мајка, ќе му се отворат патиштата, ќе ти се врати - како јас што сум се вратила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Миговно ја жегнува жеговна мисла: - Прости ми, мајчице мила, сум згрешила... сум се загледала во очите на момчето што вчера ми го препречило патот - ама мислата не ја изусти, ја премолча - за до крај да го дослуша сонот, па му рече: - И јас сум го сонила твојот сон.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Си припомнив за баба ми, дамна упокоена, за нејзините кажувања: - Тоа, Ѕвездо моја, Дедо Боже си ги тресе перниците - сѐ од бели пердувчиња од бели гулабици... и одеднаш сетив некаква милина, па сум се втурнала во домаќинот мој, небаре во него сакам да се засолнам...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ама, пердувче си се сторила, Ѕвездо моја, ќе ми се налути мајка ти, не сум се грижела за тебе, ми рече на заминување дури да се врати да сум ти баба, и мајка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога почна да не ми се живее Сфатив дека сѐ уште не сум се родила Кога ми се смачи од зборување Сфатив дека не знам ни да гугам Кога ми здодеаја луѓето и гужвите Сфатив дека всушност сум длабоко осамена Кога решив да променам сѐ Веќе беше доцна! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Бидејќи патам од реума, сум се лечел во многу бањи со иста ваква вода што ја има нашево село.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На одарот од другата страна обично е испружен Бај Шишко, ако не потпевнува тогаш со гласовите на носот кажува дека не треба гласно да учам француски или руски за да не му го растурам сонот, меѓутоа не можам да сфатам како забележува или како станува свесен дека не учам и дека внимателно сум се спружил држејќи си ја главата со двете дланки зад тилот, тогаш се открива дека не ни спиел, не ни потпевнувал, туку само демнел миг кога ќе се опуштам за да почне разговор со мене.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога ќе помислам, отсекогаш сум се прашувал: „Кој кому му претходел, Ракот на Генот или Генот на Ракот?”, или, ако сакате наопаку: „Кој кого го наследил, Генот Ракот или Ракот Генот?“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Твојот Адам без тебе и без Ева лута му остана само крвта за да им пали кандила на боговите може ќе ти пораснат нови раце никојпат не сум се родил заедно да се родиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
По грешка сум се родил у Градска. A еве како беше... Као кроз магла памтам.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Чуствував како ми буричкаат во свеста и сакав да променам премногу нешта телето веќе притисок ми крена ми дојде даљинско да фрлам во екран Во главата уште ми се моташе ботокс и верглав рефрен од дебилна песна од срањето среќа во несреќа стигна ми заврши запекот се олеснив сместа Сеуште чкрапав ко луд махинално се покајав воопшто што сум се родил слегов до гранап по пиво на рецка од радијација да ублажам бол
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сум се смеел ли некогаш? Секако. Сѐ не смее да се заборави.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сум се нишал од млекото на ѕвездите како сега, забрзан во зик-зак кон својот пад, секогаш ноќе во секоја крчма.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Праша, со што сум се бавел? Какви биле моите врски со литературата? Спомна нешто за младоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Сонував дека по една тешка војна сум се расположил токму на оној чардак над каминот; изгледа бев именуван за некаков војсководач или болјарин, а турските паши доаѓаа, ми се поклонуваа и ме трупаа со скапоцени подароци“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
СЕЛАНЕЦОТ: Еј, тој пуст борч! Ама пак...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сум се заплеткал со фајдиња кај еден пајак крвопиец...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Само побрзај, додека не сум се премислила во врска со премислувањето од идејата за самоубиство.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сигурно пак смрдам, си помисли. Додека сум одела на училиште сум се испотила, дезодорансот изветреал и јас пак лошо мирисам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се чувствував непријатно, како да сум се замирисал од огромниот напор сѐ да изедам и некако да ги спречам цревата да ми бучат, а покрај тоа, кога се веднев да ги гушнам братучедите кои беа малку пониски од мене, во стомакот добивав болки како некој да ме боде со нож.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога Андреа забележа дека Ема ја гледа, се сврте накај неа и ѝ се насмевна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Попусто се обидував да ѝ докажам дека навистина сум се најал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Погледнав низ прозорецот кој нудеше поглед од верандата, па низ оградата и понатаму низ потемнетата рамнина исипана со неколку раштркани, големи, бели куќи, слични на таа на тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Она што ми го рекоа елените – дека некогаш сум се зарекол.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Штета! – Воздивна Дедо Мраз – А да не сум се зарекол, веднаш ќе ја запросев куклана со образи од црвени јаболчиња што ми ги нашандисаа очиве...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сум се препознал во твојата постара сестра што ја оставив во далечниот југ.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Или лошо сум се молела, или лошо ме разбрал.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Одам по вистински пиштол. Ако се вратам по вас значи не сум се убил себеси. (Излегува.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А баба ми ме викаше и Прле на баба, затоа што газето не ми држеше и затоа што истиот ден кога јас сум се родил, во ливадата, тетеравејќи се на слабникавите нозе, се залула и по неколку минути потрча младото прле - магаренцето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш ми била понудена „последната шанса“ за спас, ама јас сум ја прокоцкал и не сум се покажал достоен за нивното „фер однесување“!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А веројатно сум се замислувал и како крал.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сум се замислувал како голем јунак, џин кој ја убива седмоглавата ламја и ја спасува кутрата кралска ќерка... Сешто!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Ќе одиме ли сега кај тебе, или не? - додаде брзо како да се плаши да не сум се премислил. - Ајде, - се израдував. - Поаѓаме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми дојде како да не сум излегла никаде, како да не сум се преместила од ова годишно време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум заскитала во животот, што се вели, и сум се загубила во него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А може, заглушена од пукањето, сум легнала меѓу мртвите, сум се изгубила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сега не знам дали сум се разбудила или само сонувам дека сум будна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ко брезов лист сум се тресела тогаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме слегоа на една пуста пруга. Штом прва слегувам, си велам, значи последна сум се качила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заборавив со какви луѓе сум се смешала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум се истркалала онака ко удрена мува. Мувосерка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како померена, подизлезена од умот. ,А бре, Македонче, каде се спремаш", јас не знам што било што сум велела, ,нека разберат клетите фашисти", сум се мачела да пеам и само да му се истргувам на Алекса, само да го удирам по глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А јас знам дека не сум била: којзнае од кога не сум се видела со човекот. Со Никифор Абазовски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Горачинов зема здив да продолжи: — Јас, иако сум Македонец, вели, досега не сум се вклучил во македонските организации.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Боже, колку лошо сум се лизнала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, за да се сетам, сум се враќала пак на местото откај што сум тргнала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку пати само сум се стегала и не сум смеела да излезам, главата да ја покажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како сум се одржала над својата пропаст.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сигурна сум дека од оној пат, кај камењата, не сум се составила со Никифор. Не сум легнала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми иде некоја врева и, тогаш, како јас да сум се нашла надвор, а телото ми останало в ќелија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
5. Сум се потпрела на една бука и гледам еден запокажан кукурек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се присетив која бев и колку, всушност, не сум се сменила како личност, иако начинот на живот во главниот град ме натера да ги отворам повеќе сопствените хоризонти.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сигурна сум, мислеа дека сум се вратила пореметена или изгубена од дрога и бурен живот како што им се случи тоа на неколкумина од мојата генерација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ме прашуваа дали ми е добро зошто сум се вратила, и безброј такви директни прашања кои бараа детално објаснение, во мигови кога човек сака да се затвори во собата и да ја чита својата омилена книга.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)