сум (гл.) - стори (гл.)

Нејсе! Тогаш јас, реков веќе, ослободен и со чиста совест дека сум сторил сѐ што е потребно, решив да се поддотерам, да се потстрижам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ама ја ништо не сум сторил.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Морам, морам“ - се силеше. „Морам да видам што сум сторил со волкот. Морам!“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вечерва, како впрочем и секоја вечер, по навика, пред конечното заспивање, малку се позабавував со вообичаено проверување дали сум сторил сè што треба да сторам пред легнување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Помислувам: договорите со него, впрочем како и поединостите што требало да бидат извршени, не се ништо друго туку задачи запишани во училишниот дневник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно утврдува што сум сторил и колку сум се придржувал до вчерашниот договор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ништо не му реков на Земанек за онаа вечер; му реков само дека сум ја видел Луција со тетка ѝ на корзото, и дека не сум ѝ пристапил; тој рече дека умно сум сторил, оти сум бил сѐ уште неистрезнет и непресметлив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И затоа јас од него се плашев: се боев и двојно повеќе, оти не го сторив ни тоа дело; мастилото го истурив зад семинаријата, а нему му реков дека сум сторил како што ми заповедал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби ќе се почудите, како што се чудев и јас, што ли сум сторил за да заслужам онакво внимание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Исусе Христе,“ рече тој тивко, „што ли сум сторил сега?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ќе инатам зашто од тоа сум сторен и створен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ЛУКОВ: Зошто сето тоа? Зар сиве овие години јас малку сум сторил за тебе? И до кога?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Си сторил нешто? - Патрокле се залепи до Арса. - Сум сторил.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Море оти, браче Дуко, велам, што сум сторила за да се кријам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да, Цезар, ова ти е прилика да ми вратиш за она што сум сторил за тебе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Соговорникот треперливо му одговори: – Знам дека ништо не сум сторил.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бесконечен миг ги чекаше зборовите и чудото. Парацелзус не ни трепна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А јас - што сум сторила? - Предвреме сум се загледала во очите - длабоки вирови - и бликнаа солзи, чиниш, росна капка за секоја планинска темјанушка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Јас останувам! Никому зло не сум сторил!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Што сум сторил?“ Почна да плаче. Машината за летање повторно зашушка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На крајот се насмевна слегнувајќи со рамениците како да сакаше да каже: Види што сум сторил; како некое дете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Зарем ова не е прекрасно?“ запраша царот. „Кога ти мене би ме прашал што сум сторил јас, би можел да ти одговорам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сторив така птиците да пеат, шумите да шумолат, луѓето да чекорат по ливадите и да уживаат во песните на птиците и жуборот на водоскоците. Тоа сум сторил јас.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не сум бил доволно кооперативен за да можам да ја здогледам и пренесам вистината на која се трудел да ми укаже пријателот Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А на време ги бев забележал намерите на мојот пријател.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако сум сторил грешка вината е кај мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што се однесува пак до мојот случај: требаше да ја направам грешката за да сфатам што сум сторил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа отворивме друга врата која веднаш ми разјасни каде дотогаш се криеле садовите и тенџерињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Решив дека сепак е најдобро да поспијам и да се одморам од патот, од цревата и од впечатоците.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се сетив колку вика мајка ми кога ќе влезам внатре со чевли и веднаш се почувствував како да сум сторил злодело.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Јас се извинувам... јас не знаев... - се обидував да се оправдам, иако навистина не ми беше јасно што толку страшно сум сторил.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зарем мене мораше така да ме погоди, мене ли, што никому лошо не сум сторил?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секој во себе се преиспитуваваше: Да не сум сторил нешто лошо?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)