сум (гл.) - спие (гл.)

Седиме околу и разговараме некаде околу четири часа пред да си појдам дома. 16.00 Станувам од кревет иако вистински не може да се каже дека сум спиел.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не сум уморен, постои чувство на задоволство, смиреност и топлина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Се наспав, добро се наспав. Никогаш така не сум спиел.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бргу се разбудив, не бев докрај начи­сто дали вистински сум спиел.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сигурно не сум спиел добро. Потврдив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Инаку за цело време сум свесен дека на пример со жена му на Симета сум спиел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во најубавиот хотел „Барон“ никогаш не сум спиела, ама сум испила 3 000 турски кафиња со по пет коцки шеќер.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од таа моја несреќна авантура изегов со две лузни: најпрвин, јас сфатив дека Луција точно виде дека моето тело е неискусно во љубовта и дека не сум спиел со жена; тоа ме понижи и ме доведе во ситуација да не излегувам никаде; паднав во депресија и почнав да размислувам да платам проститутка, за да ја завршам таа работа (токму така мислев, и сега тоа ми е многу симпатично: да ја завршам таа работа); второ, не знаев да ли има смисла, откако ќе ја усвојам технологијата, да се враќам кај Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така почна тоа со Ина и со циркусот. А јас вечерта заспав со мирен сон, како што не сум спиел откако ја сретнав Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе и напишам на Елена дека сум спал на Орелска Чука. Со орлите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сум спиела со деда, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам колку време сум спиела.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И реакцијата на моите сестри можам само да ја претпоставам оти тие доаѓаа од богатата рамница и од богатото село и од убавата куќа во улицата Лазо Колишевски број 10 во која се спиеше во чисто варосани и големи одаи на дрвени кревети, а знаеја и тоа дека таму имав кревет во кој сам сум спиел и една одајка од неколку квадрати со рустикална маса над која сум ги правел првите белешки од мојот Дневник, а и некои експерименти од физика и хемија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Две ноќи не сум спиел.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не знам колку време така сум спиел, ама кога се разбудив, гледам дека уште понегледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Па добро, можеби сум спиел.“ Одеднаш го виде.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)