сум (гл.) - сака (гл.)

И јасно е, секогаш ќе се оправдам пред секој читател, дека Дури и да сум сакал, дури и да сум ја употребел целата вештина и сила, не ќе сум можел луѓето и настаните да ги внесам во повеста со сите својства што ги имаат навистина, туку само онака како што сум ги видел јас, како што ги виделе моиве очи и како што влегле во мојот слух.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Очигледно сум сакал да ја споделам мојата возбуда и тоа, немајќи посоодветен човек, токму со него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сум сакал да ја вратам крвната одмазда од пред не знам кој век.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Отсекогаш сум сакал да допрам до што поширока публика.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Руди Рукер (Rudy Rucker): „Од секогаш сум сакал да бидам авангарден уметник и да создавам некаква изопачена научна фантастика, каква што наоѓаме во делата на Вилијам Бароус (William Burroughs).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Има многу пречки што можеш сам да си ги поставиш, како извесни табу симболи и зборови, и да гарантираш дека твојата порака нема да биде чуена.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гледаш, братче, овој рафт со тегли и шишиња мама го средува, а за сè друго да е суредено се грижи тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледаш, материјал колку да посакаш; летви, летвички, штици и штички.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледаш, бебешка количка: моја, братче, мене ме возеле во неа и сум врескал - раскажува мама - не сум сакал да лежам...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вели: само ветуваш: Ќе се среди, ќе се среди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали сум сакал да му бидам стројник?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека нему му било лесно да постапува според наредбите а јас не сум сакал да го потпишам пусулчето со кое се назначува за Директор на државната дрводелска задруга Голема починка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не туку ги кревај рамениците туку пријди до масата и потпиши!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаеш колку пати ми имаш ветено дека ќе се среди?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој ја вртеше песнарката, ја отвори и почна да чита на глас; ме понижуваше така што читаше бавно стих по стих, и потем се смешкаше; ме прашуваше со потсмев во очите што сум сакал да кажам со ова, што сум сакал да кажам со она; па како може ѕвездите да шепотат, па како може вратот на некоја девојка да личи на кула Давидова; па како е можно устата да биде како калинка а градите две срни меѓу кринови; па зарем не е глупаво човек да каже дека нечија коса е како стадо кози, и слично и слично.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одамна сум сакал да сфатам што точно значи таа таинствена заповедност – каква смисла би имало да се тврди дека постои правилен начин да се биде геј, начин што треба да го изучат дури (или особено) самите геј- мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Рече дека не сум сакала да одам во училиште затоа што не сум можела да ги научам основните работи; рече дека не умеам ни да разговарам па затоа не одам да играм со девојчињата; рече дека сликањето не е за девојчиња.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми ја беше запомнил мојата желба, и една недела подоцна ми кажа дека во куќата на еден од неговите професори доаѓа сликар кој таму држел бесплатни часови по цртање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Моето трето око е осветлено и се чувствувам убаво, бескрајно среќен, како да сум на Екстази, се чувствувам толку среќен што тоа морам да го поделам со вас, сакам да ви кажам сѐ, сакам да знаете сѐ за мене.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сакам да ви раскажам сѐ за секого што сум сакал во животот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Понатаму, што се случува. Се заљубувам во него до уши. Ја губам главата. Никој до сега не сум сакала толку многу.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Некогаш се мисли со срце, како што може да се чувствува со мозок: тоа го знам, јас, кој сум имал и пријатели и жени колку што сум сакал.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дали нешто сум сакал и што сум сакал, не можам да кажам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можеби интуитивно, сум сакала со тој испис, и не знаејќи сосема точно што сакам, да илустрирам некого, некој човек што бил со мене, а врвел крај мене?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не сум сакала никогаш да му кажам. Можеби сами ќе разберете зошто.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Го гледам, татко, и одамна сум сакал да те прашам од каде ни е?“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сум сакал многу џабалеску на увце цигу-цигулеску и на усни оган изгореску А ти се мислиш ли сореску кога ме правиш кочанеску и уште ми велиш срам те билеску.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Еден мој пријател има обичај да каже, “Жените секогаш ме сакаат поради човекот што не сум”. ◊ Отсекогаш сум сакал да бидам степ-играч, токму како Бети Форд и Барбара Волтерс.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Вие убаво и убедливо откривате што не сум сакал да кажам со употребата на зборот дејства, преведен на француски јазик со зборот actes, за да ја изразам нивната набожност, односно, нивното ритуално милосрдие, нивниот пат во тишина кон Севишниот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме обвинуваа дури дека во една книга сум се застапувал за меѓународниот јазик Есперанто (на земјата беше обратно) со што наводно сум сакал да го спречам процесот на еволуирање на природните јазици на Балканот, за што дури сум објавил и книга на француски јазик за конечната превласт на природните над вештачките јазици, што дури можело да придонесе да добијам ослободителна пресуда...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А јас, кутриот, со јазикот од мајка ми го наследив и страдањето од длабините на корените, како што страда секој што носи во себе дел од вавилонското проклетство, ќе се обидам да се правдам и бранам пред ,небескиот трибунал (тешко одбранливо и пред себеси) дека јас и губев кога пишував на јазиците на судбината, на јазиците на другите, како што се губи и Мајка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оти јас, отсекогаш сум сакал да имам зелени очи како на диво афричко животно, а моите се темни и не блескаат така, како неговите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Јас сум сакала!? - божем се зачудив и се изненадив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)