сум (гл.) - размислува (гл.)

„Никогаш не сум размислувал за тоа“, реков.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не сум размислувал што значи тој, зашто сум сметал дека тоа е еден нормален вид општење меѓу луѓето, составка на секојдневниот живот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Не. Сум размислувала за сето тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И јас, без да бидам свестен што зборувам, кажав нешто што и ден-денес не можам да си го објаснам; од каде дојде таква луда идеја кај мене, идеја за која никогаш претходно не сум размислувал, ни близу умот не ми била, а ја изговорив (да не се тоа остатоци од некои мои претходни животи?); реков: „Во паузата би можеле да изведеме една мала, лесна циркуска еквилибристичка точка“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
64 Последната ноќ на светот „Што би сторила кога би разбрала дека ова е последната ноќ на светот?“ „Што би сторила? Сериозно мислиш?“ „Да, сериозно.“ „Не знам, не сум размислувала.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Патем, тресејќи се од студ, брзајќи за да се згреам, сум размислувал дали има и некои други од оние со кои учиме да живеат во вакви услови? и воопшто, ќе издржиме ли, ќе останеме здрави?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но најмногу од сѐ, кога сум размислувал за овие формулари, ме интригирала помислата на реалното јас што го составило формуларот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)