сум (гл.) - објави (гл.)

А јас, кутриот, со јазикот од мајка ми го наследив и страдањето од длабините на корените, како што страда секој што носи во себе дел од вавилонското проклетство, ќе се обидам да се правдам и бранам пред ,небескиот трибунал (тешко одбранливо и пред себеси) дека јас и губев кога пишував на јазиците на судбината, на јазиците на другите, како што се губи и Мајка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме обвинуваа дури дека во една книга сум се застапувал за меѓународниот јазик Есперанто (на земјата беше обратно) со што наводно сум сакал да го спречам процесот на еволуирање на природните јазици на Балканот, за што дури сум објавил и книга на француски јазик за конечната превласт на природните над вештачките јазици, што дури можело да придонесе да добијам ослободителна пресуда...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)