сум (гл.) - има (гл.)

Сега се претставува само како Грета и ја бие глас дека е најдобрата пушачка во државата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Знаеш, вештерке, не сум имал време да проверувам, но имам колеги до чие што мислење многу држам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Забележав дека и оние неколцина со кои низ годините кога сум идел тука, во Маказар, сум имал најубави односи, некоја ако не голема блискост, а секако срдечност, не ме побаруваа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За среќа, сум имал прилика да ја запознаам скопската М.М. и на моите часови, и да уживам во нејзиното виртуозно музицирање на конгите (и слободно велам дека е многу помузикална од холивудската М.М.).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Никогаш не сум имала претензии да напишам книга.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но подоцна, гледајќи ве вас, се уверив дека не сум имал право...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И... ерекција. Толкава не сум имал со години.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Никогаш не сум имал време да си го избришам газот до крај од толку што требало да се брза.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ми проработи злобава а всушност не сум имал контакт со ниеден критичар.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Халуцинациите за кои слушам воопшто не ме интересираат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога ќе го споменам своето интересирање за печурките, повеќето луѓе веднаш ме прашуваат дали сум имал некакви халуцинации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Животот се менува. Еден од начините на кој се обидувам да го променам својот живот е да се ослободам од своите желби за да не бидам глув и слеп кон светот околу себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дека ми се причинувало оти сите негови зборови се со по многу нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти бери умот таква глупост?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Кога ги открив помеѓу нејзината облека розовите гаќички и свилениот црвен комбинезон што пред малку ти го пробував си реков зарем може да е грев ваквите убавини ако ѝ ги облечам место на Натето Дуково на Огнена што уште не сум имал среќа да ја допам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еве, само ова му го пренесов, а потоа, за да обезбедам отстапница, се исклештив сосема непотребно додека објаснував дека сум имал впечаток оти зборовите на Ристе декоратерот ми се потсмеваа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас не сакав да го убијам. Никогаш не сум имал желба да убивам.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тој е исто така избиран за јапонски претставник на биеналето што се одржува во Сао Паоло. Robert Storr Скорешниот десетдневен трансатлантски налет ми остави впечаток каков што никогаш порано не сум имал можност да почувствувам за тоа колку е целиот континент во постојана промена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ме праша дали со неа сум имал некакви поблиски контакти од вообичаените. Му реков дека сум немал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Никогаш не сум имал кукла што се навлекува на рака.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сетив дека никогаш ништо не бараше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш сум имал само осумнаесет години.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Су му влечкал со сета сила што сум имал, и тој ме дупеше со остено во газо, што да можи и не можи; и друго, дури можев да работам, коа ќе ми дааше троа слама, коа не.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со неа сум поминал 150 000 километри и не сум имал никакви проблеми по патиштата.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А може да ме спаси денот, што сум имал уште денови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас, сине Онисифоре, двапати сум крстен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Првпат сум имал чудно име - Дмитариноариј.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никого не сум имал. Ни родители, ни име... Никогаш, ништо...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Да, сум имал неколку девојки пред да те запознаам тебе, - одговори Ѓорѓе чувајќи си ја суетата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Не, - искрено му одговорив, - но сигурно сум го заслужил, илјадапати сум имал право на него, - сакав да му речам, но замолчев за да не го засмејувам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некогаш се мисли со срце, како што може да се чувствува со мозок: тоа го знам, јас, кој сум имал и пријатели и жени колку што сум сакал.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Слатки акшами сум имал во нив. Со една од нив дури и на вашиот воскрес.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не сум имал жена речиси триесет години, ако тоа нешто ви значи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ах“, рече старецот, „никогаш не сум имал такво нешто. Премногу е скапо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас сум имал прилика да видам и на старост да им се роди дете на некои. А вие не сте стари.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Тоа... Сум имал прилика да видам како уште живи, недоумрени ги закопуваат...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Поради некаков состанок во гимназијата за избор на раководство на четвртиот средношколски младински актив ( ме избраа и мене во раководството) и поради некаква проба не сум имал многу време за со него, ама сепак е запишано И тогаш кога јадев Ичо раскажа како го презеле Воден.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
12. Да пукнам одамна не сум имала толку долг отпочин И ќе заборавев на сонцето што изгрева на исток А и тоа галиба имаше нешто со Македонците И сонцето било ѕвезда велеле Македонците Бре бре како никој да не знаел што било сонцето А за ѕвездите допрва ќе се разјаснува Дали Македонците мислеле повеќе на ѕвездата од Вергина Или на ѕвездите од европскиот бајрак
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ќе раскажам дека сум имал љубовна врска со записничарката но во тој поглед ќе те заменам со некоја друга“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Влези ако можеш! - Росана ми рече дека јас сум имал срцка шеф. Токму со тие зборови се изрази.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
При последното јавување на Привидот, а тоа се случи пред два - три месеци, помеѓу нас беше поминал некој тежок камион па пријателов - Привид помислил дека поради бучавата спомнатото обвинение не сум имал можност јасно да го доразберам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Патникот тогаш здогледува, таму покрај шанкот, една млада жена, делумно издвоена од добро расположена турканица.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И твоите се супер, дополнува, само што не сум имал прилика да ги видам во живо... – А кои тоа мои? – веднаш прашува Л.А.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И навистина - сум имал право. Супата беше ѓаволски вкусна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се погледнав во блескавото огледало пред мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кај сум имала време да мислам дали ми загинала менструацијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку гадлива душа сум имала. 61.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сум имал досега во животот човек кој толку трпеливо ќе ме чита.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа ви е фала што сте ме чувале како татко, црното од под ноктите сте го ваделе, сте се треселе над мене кога сум имал температура, сте ми го држеле челото кога сум повраќал, сте ми укажале да не се плашам од првата менструација, јас вам така, јас сум гомно едно, пичка ми мајчина.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На едната нишалка се нишаше дедо ми Баџак, а баба ми Лена, на која не се ни сеќавам, зашто умрела кога сум имал одвај три години, го туркаше одзади за да го засили нишањето.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Некои киберпанкери сонуваат за тоа (барем засега) да направат хаос во тие системи. Можеби токму сега минуваат низ огромниот налет на младешко разочарување? „Никогаш не сум имал илузии”, одбива Св. Витус. „Не сум можел да си го дозволам тој луксуз. Денес доаѓа време во кое растејќи се соочуваш со прашањето: Што ќе правам со својот живот?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Може ти е чудно што брзам волку, ама ќе видиш дека сум имал право.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сфатив дека сум имала право што не излегов да го гледам тој циркус кој што Лима и Ило го третираа сосема спротивно, како знак дека треба да си останам токму таму каде што сум.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)