сум (гл.) - заспие (гл.)

Но бргу се прибра и мирно одговори: - Ја барав таму топката и сум заспал.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- О, тето! Сум заспала. Сонував сон кој целата ме растрепери.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не минаа ниту неколку мига откако сум заспал, ме разбуди силен топот најверојатно од војнички цокули кој идеше од собата над мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Така сум заспала во некакво бунило.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И беше сум заспала, ко свилена буба во кожурец.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така со отворени очи беше сум заспала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после сум заспала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И мене така ми дојдувало, му велиш, туку ми замижале очите и сум заспала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таман сум заспала, ете го стражарот и ме буди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам ни самиот како сум заспал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не знам како сум заспал на масата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Според записите во мојот Дневник татко ми и Нанчо тропнале на вратата од бараката на бај Шишко после единаесет саатот на 28.10.1951 година, само штом сум заспал по релаксирањето во кино.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Еден ден... ... Не се сеќавам како течеше натаму нејзината приказна, зашто најверојатно сум заспал пред да ја ислушам докрај.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа мислејќи се, са ноќ не сум заспал и се предумаф да те помола тебе, да се мениме со работиве: ја' некоја година да поседа дома, а ти да поеш на мојата работа!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дури стоет глаа на рамена ти немат да умриш; туку за да видиме шчо ќе прајт брат ми, ако ме видел умрен, да пратиме на раскрсница луѓе, да вардат и, коа ќе се појавит, да ни кажат; а мије да се наручаме убоо и, коа ќе си идет, да ме покријеш со еден покроф, да ми запалиш сфеќа над глава и ватиш да ме тажиш!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа приближило близу, шчо да мојт да се досегнит, стопанот го грабнал и му рекол: „Али глеаш и ти, шчо леташ толку високо, в' облацине, од рацете мој не мојш да куртулиш?“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не знам како - но веројатно поради целата возбуда, замор и јадење, веднаш сум заспал и така сум заборавил на мојот ноќен план.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На четириесет и три години, ерген, живееше со ужасно параноична и љубопитна жена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Лежев така некое време, а потоа сум заспала.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Од жештинава сум заспал. Веднаш слегувам!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И така, така, сонот и мене беше ме украл. Сум заспала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше сум легнал на снегот, крај патот, и беше сум заспал. Со некој убав и шарен сон. 254
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)