сум (гл.) - запише (гл.)

„Па во VII б веќе сум запишан“ рече Влатко, „таму имало празно место, некој се отпишал“, се ракува со сите и седна помеѓу Филип и Жарко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не доврши зашто веднаш го прекинав, прашувајќи го: - Мислите на тоа како сум запишан во црковните матични книги?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На едно место, во една своја тетратка, по едно пијанство, од не знам какви причини, сум запишал: Тешко на оној кој знае да чита само затоа што претходно ги изучил сите букви и знаци на јазикот од кој чита; блазе си му на оној кој знае да чита и без претходно да го знае значењето на знаците; само тој вистински чита.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред мене, кај шолјичката со црн талог и со отпушоци слични на мали надгробни споменици во котлина од која нема излез, лежи хартија на која сум запишал меѓу другото: Темната возбуда, носи неспокој, нѐ фрла во тивок очај или некорисен гнев ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Деветти, десетти?“ „На сечко, дваесет и осми сум запишан во дефтерите”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)